Ванковска: Внимавајте! Собирот на 27ми е намештаљка, им требаат инциденти!
На Бојкотирам не му требаат собири од ваков вид, вели Ванковска, организирани од сомнителни структури, а со намера да се исценираат инциденти.
„Тоа е и денот кога Иванов ќе има историско обраќање во ООН.
Ако наседнеме на овој собир и на удбашките структури кои стојат зад него, тие ќе успеат да создадат страв и одбивност кај мирните граѓани, а се’ со цел да се зголеми излезноста во недела!
Кога би било ова автентично би излегла дури и под закана од употреба на полициска сила – но, ова не е тоа! Се служат со сите (не)дозволени средства, затоа ВНИМАВАЈТЕ!
Бојкотирам е легален и легитимен, ненасилен облик на граѓански отпор, и затоа треба да се чува подалеку од Тројански коњи со руски знамиња, со качулки, со запаллива реторика и омраза кон Другиот. Тоа не сме НИЕ! Ние со нечинење ќе го постигнеме она што го заговараме!“