На прво место

Заев и вие од осрамениот СДСМ – не бегајте од одговорност

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Исто како и мнозинството граѓани, така и јас со чувство на мака проследив пресот на Зоран Заев.

Само Зоран Заев, политичар аболиран за тежок криминал, кој влече сериозни хипотеки зад себе може да прославува и да се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја.

Само Зоран Заев, кој се колнеше во татковци и дедовци дека немало да го чепка вековното име може да се гордее и да се обраќа како премиер на нова земја Северна Македонија.

Само Зоран Заев, кој ветуваше дека македонскиот Устав бил европски, може да се фали со притисоците, заканите и непринципиелните пазарења со кои што ја погази јасно изразената волја на граѓаните на референдумот од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година.

Зоран Заев денес и предвреме ја преименува сопствената татковина, на се уште не стапен во сила договор. СРАМОТА!

Господине Заев, Македонија денес не слави! Македонија денеска е завиена во црно бидејќи Вие продадовте, погазивте и уништивте се. Ова што вие го направивте има само еден збор – Предавство и кариеризам!

Залудни се фалбите, залудни се и изнасилените насмевки, зарипнатиот глас од славјето во кое ниту тој, ниту неговите најблиски соработници не веруваат. Залудна е и лажната еуфорија и стакленото звоно кое го креираат. Чаламот на власта не го покрива срамот со промена на името и идентитетот. Човекот треба да разбере дека никој не го сака, никој не му верува. Но и се поголем е бројот на луѓето кои веќе не му се плашат.

Зоран Заев готов си! Сите веќе тоа го знаат, а набрзо и ти ќе го дознаеш тоа!

Оваа влада беше за едно прашање, и тоа прашање го решивте катастрофално, преку промена на име, идентитет, јазик, историја, култура, образование, промена на се што е македонско. И овој рок и оваа задача сега завршува. Токму затоа оваа влада на СДСМ која ја предводиш ти толку силно ќе падне што прашање е дали нешто ќе остане од СДСМ.

Останува запишано дека промената на Уставот со цел промена на уставното име се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења.

ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го подржаа овој договор.

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да се исправи во иднина оваа неправда.

Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава!

Длабоко чекориме во втората година од власта на оваа влада. Македонија е фрлена на колена и тоа не само во поглед на името, туку и во економијата, уништеното здравство, неквалитетното образование, земјоделието.

По капитулацијата на Заев со името, тој најавува нова капитулација, општествена, економска, политичка, образовна, здравствена, секаква.

Видовме досега дека не ги бива, и како што Заев брутално лажеше пред две години дека ќе имало 500 евра просечна плата, дека докторите ќе имале 100.000 денари просечна плата, ќе изградел 600 км автопатишта, нова клиничка болница, поврат на ддв ќе имало зголемени стипендии за студентите, зголемени пензии за студентите, загарантиран откуп за земјоделците и што ли уште не. истите тие лаги ги гледаме и денес а богами ги слушаме. Истите лаги, ќе имало фабрики, ќе имало поголеми плати, ќе имало автопати, дрн дрн бла бла празни муабети. Но ова е друго време. Денес веќе никој, ама баш никој не му верува на Заев!

Денес е докажано дека не можат, не умеат, и дека со секој ден ќе биде полошо. А по капитулацијата со името, ако остане оваа влада следи нова капитулација, во економијата и во општетсвото.

Затоа, Заев и вие од осрамениот СДСМ – не бегајте од одговорност. Немојте да се криете зад партиските одлуки како што се криевте зад гласовите на 81 пратеник за да ја погазите волјата на народот. Излезете на избори! Не се тоа избори за фотељи тоа се избори каде ќе победи народот, каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена и горда Република Македонија.

Да живее Самостојна, независна, достоинствена и горда Република Македонија!

Најново од: На прво место

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од СДСМ, додека Христијан Мицкоски е пред Венко Филипче и Али Ахмети во мерењето на поддршката за политичките лидери. Според резултатите од […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

To top