На прво место

Проф. д-р Гордана Силјановска, рамо до рамо со студентите на протести

0161CB53-06DC-48B9-A8F1-EEF04B900100 w1023 r1 s

0161CB53-06DC-48B9-A8F1-EEF04B900100 w1023 r1 s„Горда сум на студентите! Тие се нашата енергија“ – проф. д-р Гордана Силјановска, рамо до рамо со студентите на протести

Горда сум на моите студенти. Нивниот протест има легитимна цел и ќе бидам со нив и во предавалните, но и на протестите. Тие млади луѓе ми даваат енергија и инспирација и овој пат ги заштитија и професорите и универзитетот, вели за Академик професорката од Правниот факултет, Гордана Силјановска, која денес на Третиот студентски протест чекореше рамо до рамо со своите студенти.

И кралевите имале почит за професорите

За професорката Силјановска е нелогично и неоправдано да се носи законско решение што најмногу ги засегнува студентите, професорите и универзитетите без притоа да постои дебата и дијалог, што, пак, е одраз и на немањето почит кон академската заедница.

„Во средниот век и кралевите имале почит за професорите. Која е инаку смислата на Vivat academia! Vivant professores!“, вели професорката и посочува дека токму дијалогот, како што вели, од старт, е фундаментален за ваквите законски измени.

Доколку нема дијалог – ќе има отпор

„Не може да се предложи вакво законско решение без притоа да има дијалог, особено со оние на кои директно се однесува тоа решение, а тоа се студентите и професорите. Јас на моите студентите секогаш им говорам и им предавам за важноста од дијалогот. Доколку нема дијалог, тогаш секако дека ќе се појави отпор, протест“, вели проф. д-р Гордана Силјановска.

„Оттука, секако дека ги поддржувам студентите. Чекорев денес рамо до рамо со нив, а и како да не го направам тоа, тогаш би било спротивно на моите принципи и на она што им го предавам за демократијата и за дијалогот. И денеска, исто така, посебно ме израдува одлуката на Ректорската управа со која се бара повлекување на предложените законски решенија, тоа значи единство на Универзитетот, на професорите и деканите, солидаризирање со студентите“, нагласува професорката по уставно право.

Собранието им припаѓа на граѓаните

Таа укажува и на нелогичноста во пристапот кон креирањето на законските измени и на игнорирањето на ставот на професорите и факултетите.

„Логично е најпрво за овие законски измени да бидеме прашани ние, да постои дебата за тоа, да се одважи некој министер да дојде и да разговара со професорите. А дебата не е монолог. Ние и побаравме да бидеме повикувани да дадеме свои забелешки во матичната собраниска Комисија, но тоа не се случи. А чие е Собранието? Тоа не е ниту на Владата, ниту на партиите, тоа им припаѓа на граѓаните, оттаму извира и суверенитетот на државата, се разбира. Нашите забелешки требаше да бидат разгледани низ собраниската процедура, но сега останува пратениците да ги отфрлат законските измени. Тие мора да имаат предвид дека законот не е само процедурално донесување на актот, туку тој мора да имаат легитимитет. Законите се акти што треба да бидат легитимни и да го изразат општиот интерес затоа што чуму ви е таков закон ако не го изразува тоа, нешто на што укажувал дури и Аристотел“, вели Силјановска.

Државниот испит е непотребен

Според професорката, државниот испит како инструмент за проверка на знаењата е сосема непотребен и несоодветен, особено што, како што вели, постојат други законски механизми и инструменти за тоа.

„Еве, да речеме, за студентите што завршуваат право тука е правосудниот испит, испитот за државни службеници, нотарскиот испит итн. Државата има механизми на контрола. Доколку има сомнеж за постоење на „Фабрики за дипломи“ и тука си има законски механизми, тука е и Одборот за акредитација, кој во сегашните решенија дури има и проблематичен состав. Според мене, овој Одбор треба да биде составен од професори. Тие го имаат оној професионален ореол низ низата години затоа што не се станува лесно професор“, образложува д-р Силјановска.

Самиот факт на честа промена на Законот за високото образование говори за отсуството на концепт

За неа проблематична е и (не)компатибилноста на предложениот законски текст со европското право и посочува дека практично и не постојат наведени примери во функција на образложување на законското решение. Професорката појаснува дека првенствено „квалитетот“ на законското решение може да се согледа и од неговите чести измени, но и од номотехничкиот аспект на конкретните предлози.

И јазични пропусти во предложениот текст

„Законскиот текст требаше интегрално да се подготвува затоа што Законот за високото образование е толку често менуван што е контрадикторен сам со себе. Самиот факт на честа промена подразбира отсуство на концепт“, наведува таа, упатувајќи критика и за номотехничката подготовка на предложените измени, меѓутоа и за – јазичните пропусти во предложениот текст.

„Пишуван е како да го пишувал некој кому не му е мајчин јазик македонскиот. Јас го сакам и го почитувам македонскиот јазик и морам да укажам и на овие сериозни пропусти“, вели професорката, додавајќи дека со тоа само се докажува каков третман, избрзаност и посветеност се имало во подготовка на законските предлози.

„Оттука, таа избрзаност секако дека ќе иницира и протести“, вели Силјановска, повторно сугерирајќи дека за вакво крупно законско решение неминовни се дебата, посветеност и почитување на општиот интерес.

Студентите ги заштитија професорите – протести со силна идеја

Професорката нагласува дека студентите се во право и укажува на тоа дека всушност тие ги заштитиле професорите во случајот со протестите.

„Ова се поинакви протести и студентите нè заштитија нас. Силна е идејата, интригантните пораки, нивната идентификација со индексот“, потенцира Силјановска, додавајќи дека, како потрагата по политизација на протестите е сосема погрешна.

„Целта на студентите е силно легитимирана, а местото на професорите е кај студените. Јас како професор никогаш не сум гледала кој е Македонец, кој е Албанец, сдсмовец или вмровец, сите се студенти и имаат право на слобода на мислата и на заштита и одбрана на нивните права. Како јас, која им предава и ги учи за вредностите за слободата на мислата, да не бидам со нив. Јас ги поддржувам во таа нивна кауза и секако дека местото ми е таму“, вели професорката по уставно право.

Претседателот на државата да стави вето

Д-р Силјановска го повикува и претседателот Ѓорге Иванов, како професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“, да не го потпишува законот и да стави вето затоа што етичкиот момент и кредибилитет за професорите е од суштествено значење и многу поважен од политичкиот.

Студентите се инспирација

„За секој професор најважни треба да бидат студентите. Јас како професор мојата енергија ја добивам од нив. Кога влегувам во предавална, не можам да останам рамнодушна на таа енергија. Таа младост е инспирација за мене како личност и затоа секогаш ќе бидам со студентите и на предавањата, но и кога треба да одиме заедно на протести. Горда сум на нив!“, гордо вели професорката Гордана Силјановска, која не ги крие емоциите од тоа што денеска можела сплотено да чекори со младите луѓе кои, како што вели, бескрајно ја радуваат и ја инспирираат, не само професионално, туку и во животот.

Милчо Велјаноски /
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top