На прво место

Борба, а не бојкот!-„Македонија е жива и ќе живее се додека постојат Македонците“!

Ангел Драскачев: Борба, а не бојкот!

Тивко е на Ножот. На Бихачка не само што е тивко, туку и депресивно. Нешто слично е и во штабот на #БојкотирамПИ.

Кога го спомнав Ножот, сигурно сте слушнале за таа епопеја каде што млади комити се судриле го огромен турски аскер. Пред да бидат опколени, стигнала наредба од војводите да се повлечат и да ги отстапат позициите без борба (читај да бојкотираат).

На таа наредба било возвратено со писмо:

„Кажете им на војводите дека не сме дошле да јадеме кокошки. Опколени сме од оган. Гориме и ќе изгориме! Друга позиција нема да бараме. Остануваме на Ножот да се бориме до крај“.

Се бореа и загинаа скоро сите.

Главнината на четите ги продолжила своите дејствија на други локации.
Зошто да се повлечеме кога можеме да се спротивставиме?

Тоа го видовме на 21.04.2019. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски успеа да извојува победа во 47 општини. На локалните избори изгубивме во тие општини. Онаа убава бајка за некаков си живот и она хистерично врескање по улици дека #НемаПравда, видовме дека се апсурд и ништо повеќе од тоа. Во еден мој говор на една ораторска вечер кажав:

„Македонија е жива и ќе живее се додека постојат Македонците“!

Зарем сега кога сме на чекор до конечно рушење на оваа власт и конечно воспоставување на правна држава, треба да не води инатот и егото и да останеме дома? Ајде запрашајте се дали ќе имавме држава доколку нашите претци седеа дома и не превзедоа ништо? Гоце Делчев можеше да биде успешен даскал и воопшто да не му е гајле дали Македонскиот народ страда од изроди и предавници или од султанот. Христо Узунов можеше да го напушти Цер преправен во невеста. Но не го стори тоа. Остана да се бори.

Јас, Ангел Драскачев нема да останам дома со скрстени раце, туку ќе продолжам да чекорам по патот на Делчев, Узунов, Карев, Александров, Ченто, Брашнаров, затоа што добро си ја познавам историјата и знам дека овие ликови немало ништо да сменат доколку седеле дома. Нема да дозволам мојот нероден син да расте во безимена држава. Влегов во битката, а ќе излезам од неа во моментот кога конечно ќе се избориме за право и правда. Нема да седам дома и да чекам некој друг да ме ослободи.

Затоа на 05.05.2019 масовно да ја поддржиме професорката Гордана Сиљановска Давкова и да ставиме крај на незнаењето, непотизмот, неспособноста и неправдата.

Борба, а не бојкот!

http://www.bregalnicki.mk/angel-draskachev-borba-a-ne-bo-kot/

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Најнови вести

To top