На прво место

Да се избориме за правда за Македонија

1 7

1 7Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Да се избориме за правда за Македонија, правда за секој човек, вие одлучувате, вашиот глас може да донесе подобри времиња

Беше септември 91-та година, кај секој од вас радост затоа што конечно ние Македонците се изборивме за своите правдини, за своја држава, име, своја армија, знаме. Институции кои сами можеме да ги развиваме, за чест која од нас зависи. Радост дека сите ние можеме да бидеме свои на своето, генерации ќе се образуваат во наши институции, ќе имаме свое здравство кое ќе биде квалитетно.

Нотите и текстот на Меморија се слушаа на скопскиот плоштад „Таму кај што вечно сонце сјае таму е Македонија народ и земја што ги сакам јас” стихови на голема надеж и желба да се биде свој на своето.

28 години потоа, остана многу малку од тој ентузијазам, многу малку од луѓето денес се среќни и задоволни од она што го имаме. Поминав преку 13 илјади километри од почетокот на кампањата. Се сретнав со многу наши сограѓани, разговаравме за нивните проблеми, за она што ги мачи, тишти. Слушав и за критиките кон оваа власт, но и за работата на претходните, и јас како човек не се срамам да се извинам за грешките од минатото, за кои сум сигурен дека ги имало, но и да понудиме решенија заедно со граѓаните за иднината на нашата татковина. Ние се бориме за поразлична слика за македонскиот политичар.

Сакам да се обратам на разочараните, потиштените и обесхрабрените. Тоа е чувство кое е оправдано по изневерените очекувања, жицата која ја скинаа, името, идентитетот, уништениот стандард, измамата дека ќе ја донеселе Европа а ние сме блескале секаде низ Светот, 500 евра плата, 500 км автопатишта, чистиот воздух, животот кој стана пекол, тендерите, непотизмот,прогонот и неправдата која стана секојдневие. Патриотите кои ги направија терористи. Но, и родителите од Смилковско кои ги разочараа, децата кои гинат на градскиот асфалт. Сиромаштијата која стега. Неправда. Црна неправда. Но, и бранителите што ги заборавија. Чувството за разочараност е оправдано, но седејќи така на страна да не ги оправдаме тие кои ова ни го донесоа. Вашиот глас е решението. Излезете и гласајте. Иако ситуацијата е сложена, изборот е едноставен. Или сте задоволни со вашето секојдневие, одобрувате и се согласувате како работи оваа власт, или ќе ја казните, ќе бидете на страна на правдата и новата надеж која доаѓа за Македонија. Добро знаете дека како што ништо не бива од животот кој го ветуваа, нема ништо да биде ниту од метлата која сега ја најавуваат.

Ќе се обратам и до оние кои се заговорници на бојкотот. Знаете дека Македонија е во прашање. Ова не е само моја, или битка само на ВМРО-ДПМНЕ, ова е битка на секој еден човек, за неговото достоинство и чест. И можеби со нас имате многу причини да имаме различни погледи и ставови, но нас не обединува борбата за Македонија, борбата за татковината. Затоа не му помагајте на Заев со бојкотот, не ги продолжувајте месеците на клинички живот на оваа власт. Ајде да ги собориме. Излезете и гласајте за нашата земја.

Знам дека има притисоци и кон државната администрација. Заев се закани дека ќе бркал од работата. Но, секој од вас, секој од вас знае дека само слаб човек се заканува. Немојте да бидете вознемирени и не потклекнувајте на заканите. Работите брзо ќе се сменат, а секоја неправда врз вас, секое неоправдано уназадување или бркање од работа ќе биде исправено. А ќе има и одговорност на оние кои нанесуваат неправда. Тоа ви го ветувам. Излезете и гласајте.

Почитувани сограѓани,

Да чекориме сигурно, европски, еден со друг. Гордана Сиљановска Давкова е изборот. Гласот за нејзе е глас за честит човек, жена со кредибилитет. Имаме шанса претседателка да биде, чувар на интересите на Република Македонија и секој нејзин човек. Вашиот глас во политиката. Таа е шансата за пораз на неправдите и победа на правдата. А јас ви ветувам, ви ветувам дека ќе го дадам и последниот атом од енергијата, беспоштедна работа да ја смениме сликата за разочарана, потиштена Македонија. Да се избориме за сигурност, развој, и честитост. За стаменита и вистински интегрирана држава. За правда за Македонија. Правда за секој човек. Вие одлучувате, вашиот глас може да донесе подобри времиња.

Да сте живи и здрави

И Бог да ни ја благослови Македонија.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top