На прво место

Обединети Роми ја поддржаа Силјановска

Обединети Роми ја поддржаа Силјановска

Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, доби поддршка од Ерџан Селими, Претседател на Роми обединети од Македонија за кандидатот за претседател на Република Македонија.
Почитувани пријатели,

Почитувани мои браќа и сестри,

Најнапред сакам да Ви го пренесам моето големо задоволство што успеавте да ја препознаете вистинска вредност во личноста на Проф. Гордана Силјановска Давкова, но и да Ви честитам што покрај сите притисоци, закани и уцени со кои се соочивте и се соочувате, се охрабривте и гласавте за правда и правдина за сите, гласавте за претседател кој пред се ќе биде пријател, сојузник и голем поборник за правата на Ромите, гласавте за претседател кој има лично да се ангажира за заживување на принципот на владеење на правото за сите граѓани, согласно Уставот на Република Македонија.

Почитувани пријатели,

Доста е од тоа Ромите да бидат декор во нашето општество, Ромите се реалност и прашањето на Ромите треба единствено да биде грижа на нашата држава, која треба да ни овозможи наше еднакво учество во системот на државата, поголем просперитет, пристојна работа, квалитетно образование, подобар пристап во здравство, домување и уживање на сите наши уставни загарантирани права.

За мене е важно, а верувам и за сите Вас да биде избран претседател кој ќе го зачува и промовира мултиетничкиот карактер на нашата држава, претседател на сите граѓани, а Македонија дом на сите Нас.

Поради тоа, Ве повикувам да излезете масовно и да гласате за личност која е синоним за борбата за право и правдина, да гласате за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова, жена борец и за нашите Ромски права.

5-ти Мај е денот кога печатот за судбината на нашите права и нашата борба за еднаквост е во Ваши раце. Од Вас и од Вашата одлука зависи иднината на нашите најмили, најблиски и сите оние кои ги сакаме.

Гласајки за бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова, ја запечатуваме и судбината на нашите ромски политички измамници и манипуланти кои со години наназад не направија ниту една позитивна реформа за Ромите и сеуште бесрамно го лажат и манипулираат нашиот народ. Дајте со Вашиот глас да им дадеме и нив црвен картон! Доста ни беше од нивните анти-народни политики.

Со почит,
Ерџан Селими, Претседател на политчка партија РОМ

Најново од: На прво место

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

To top