На прво место

Нашето утро, ден и ноќ го посветуваме на Македонија

Igor Janusev

49579443 309633249758349 4975861629804609536 n

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, испраќа неколку пораки во пресрет на изборите кои ќе се одржат во недела.

5 мај е денот кога треба да покажеме од каков материјал е нашата организација која во себе, не заборавајте, ги носи идеалите на Илинденците, беше основата на која се повикуваа партизаните, активно учествуваше во борбата за независност.

ВМРО се буквите кои уште како дете кај мене раѓале посебно чувство на гордост, на родољубие, асоцијација за местото каде се чува огнот на Македонизмот кој доаѓа од сршта, душата на нашиот народ. И оваа организација имала свои подеми, но и свои падови. Секогаш кога во минатото грешела, народот испраќал порака. И сите тие поуки ние ги знаеме, учиме од грешките и се поправаме. Но, денес одново се соочуваме со противник кој е штетен за нашата земја, кој е на колена, но не е нималку наивен. Тие се демаскирани, во страв и паника, но тогаш се и најопасни бидејќи се спремни на се. За нив колку повеќе Македонија пропаѓа, толку им се побагати паричниците. Но, ние сме тие кои мораме да се спротивставиме. Затоа нашата победа над нив ќе биде победа за Македонија, победа над неправдите и шанса да покажеме дека ВМРО ќе понуди решенија за секој еден човек, онака како што само ние знаеме и умееме да работиме- посветено, искрено, чесно. За нив ова се избори со кој сакаат да си ги заштитат матно спечалените богатства, за нас оваа е битка на душата и честа, за Македонија.

И сето ова денес го правам затоа што сум воден од идејата за Македонија, како што бев и кога прв пат стапнав во мојот Месен Комитет, кога прв пат гласав за ВМРО, кога прв пат излегов на протест, кога прв пат стапнав во жолтата куќа и ги слушав постарите како зборуваат за војводите, комитите, кога се радувавме на победите и тагувавме за поразите и си ветивме дека нема да се повторат грешките.

Јас ова го правам зошто имам два сина кои сакам да имаат иднина во земјата која мене ми значи се, како и на сите Вас браќа и сестри кои ја делите истата загриженост. Или ќе ја одобрите оваа власт или ќе се спротивставите. Од сите нас зависи, и нема повеќе изговори. Победата треба да се изработи, да се даде последниот атом од силата, и колку власта да притиска, ние треба порешително да ги поразиме. Има денови кои се од особена важност, на кои се сеќаваме со особена гордост, денови во кои сме се избориле за нашата и судбината на нашите блиски, на кој што сме покажале дека не сме за потценување, туку кораво сме се избориле за она во што веруваме.

Нашето утро, ден и ноќ го посветуваме на Македонија, затоа што таа ни е се! Да се избориме на 5 мај за правда за Македонија! Од Вашиот глас зависи иднината на нашата земја!

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top