На прво место

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: А, кога е „Порви Мај“ мајсторе?

 КОЛУМНА НА Страшо Ангеловски: А, кога е „Порви Мај“ мајсторе?

Иако непланирано, почетокот на текстов се наметна самиот по себе. Кога Заев продолжи да ја замајува македонската јавност дека (иако јасно му соопштија дека нема датум за преговори со ЕУ), според неговите лаги, датум, сепак, ќе има, ако не во јуни, тогаш во јули, ако не во ова, тогаш во идното лето, се сетив на една анегдота што некогаш одамна ја кажуваше Наум Петрески. Кажана на дијалектот од неговото родно Лабуништа, анегдотата оди вака:

“На времето, како добри мајстори ѕидари, мажите од Лабуништа оделе на печалба и со години знаеле да не се вратат дома. Младите момчиња рано ги свршувале, на шест-седумнаесетгодишна возраст, им ја таксувале невестата и ги земале со себе на работа. Момчињава, работеле и го учеле занаетот, ама, млади, со крв што врие, некогаш ќе се потсетеле дека дома ги чека невеста која уште не ја допреле, па туку ќе го прашале возрасниот мајстор, кога ќе одат дома. Овој, мудро ќе им одговорел: “За порви мај.“

По некое време, повторно ќе го прашале, а овој, повторно мудро: “За порви мај.“ И така,со години. Тие:– “Кога дома?“ Мајсторот:– “За порви мај.“

И,кога веќе не можеле да издржат, туку ќе прашале: “А,кога е порви мај,мајсторе ? “Ами,таму некаде,сектебар,октобар“ – ќе одговорел мајсторот.

“И, навистина, кога е јуни 2018 – та, мајсторе?“– ако го прашате Заев.

“Ами, таму некаде, сектебар, октобар, 2025 – та.“ – ќе одговори тој.

Толку. Крај на приказната, продолжение на лагите.

Зошто го пишувам ова ?

Затоа што е крајно време да ги протераме лагите и измамите од Македонија. Крајно време е да демонтираме еден систем кој со предизборни лаги и измами се наметна пред македонските граѓани; со изборни лаги и измами насилно се инсталира во македонските институции; со постизборни лаги и измами го избриша македонското постоење наспроти волјата на мнозинството од македонскиот народ и, со секојдневни лаги и измами, и покрај целосно изгубениот легитимитет, опстанува како стоглав аждер кој голта се пред себе. Аждер, кој веќе ги проголта македонското име и македонската историја, ги проголта просечните плати од 500 евра, ги проголта платите на лекарите од 100.000 денари, ги проголта субвенциите за земјоделците, ги проголта покачените пензии… со еден збор, аждер кој го проголта животот на граѓаните на Република Македонија.

Но, како да се победи аждерот? Како да се урне од власт господарот на лагите?

Јас лично и, во името на МААК, со месеци наназад пишував дека сите кои се засегнати треба да се обединат и да издејствуваат исклучителен резултат на кандидатот на опозицијата во првиот круг. Без разлика дали кандидатот ги исполнува сите нивни критериуми или не, доколку ќе биде копјето на Свети Ѓорѓија со кое ќе го убие стоглавиот аждер. И, веднаш после првиот круг напишав дека сега е време да се услови власта со пржински есенски избори, заради учество на опозицијата во вториот круг. Тоа,според мене, беше наједноставниот начин да се делегитимира и онака нелегитимната власт и најскоро да се дојде до предвремени избори за нејзин целосен пораз. Сега, ни остана вториот начин, убедлива победа на опозицијата на вториот круг на претседателските избори.

Но, што е тука е, битката продолжува, вечната битка за Македонија. Овојпат, дефинитивно, со што помасовно гласање за кандидатот на опозицијата во вториот круг. Толку масовно за да ги поразиме двете страни на истата паричка. Од една страна да биде поразена комплетната владеачка коалиција, што ќе биде јасен знак и порака до целокупната меѓународна заедница дека насила инсталираното мнозинство со сесрдна помош од нивна страна, ниту имало, ниту има легитимитет да владее со Република Македонија, а уште помалку да носи одлуки за бришење на македонската држава и македонскиот народ. Велам, јасен знак, бидејќи, за разлика од референдумските резултати кои противзаконски и противуставно успеаја да ги релативизираат, ваквата победа никој не ќе може да ја протолкува поинаку, освен како незадоволство на граѓаните на Република Македонија од актуелната власт, од начинот на владеење и од погрешните одлуки и договори потпишани токму во името на граѓаните.

Од друга страна, ќе бидат поразени и ситните политиканти кои играјќи на картата на незадоволство кај дел од граѓаните од сите досегашни политички гарнитури, од позадина, криејќи си го вистинското лице како змијата нозете, повикуваат на бојкот. Притоа, ги користат најчистите чувства на македонските патриоти заради свои ситни политички интереси, го користат реалното незадоволство од се што ни се случува, за да создадат своја каква таква партиска инфрастуктура која ќе им биде основа за политички пазар. Некои од нив веќе го започнаа, а некои ќе го започнат пазарењето веднаш после изборите.

Кога тоа ќе стане јаве, најразочарани ќе бидат токму оние, чесните, искрените, кои со најдобри намери, мислејќи дека неизлегувањето на избори е последниот бедем во одбрана на македонските национални интереси, се вложуваат себе си во повиците и агитацијата за бојкот. И, кога ќе осознаат дека биле само грубо искористени како бројка која реално не им припаѓа, но која неколку тукушто формирани, или, тукушто испромовирани партии, ја користат како сопствена пазарна вредност во политичкото пазарење, ќе видат дека токму со својата чесност и искреност и одмогнале на татковината. Ќе видат дека освен што им помогнале на неколкумина нереализирани “лидери“ на партии, преку политички пазар, да се доберат до некаква функција, во суштина и одмогнале на единствената организирана сила во државава која може да го “убие“ стоглавиот аждер, коалицијата “За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, што поубедливо и што поскоро да го совлада постојното зло.

Затоа, на крајот на овој текст, имам обврска да им се обратам токму ним, на оние најискрените, на оние кои во својата чесност не можат ниту да поверуваат дека постои некој кој ја злоупотребува нивната верба во начинот на борба кој го одбрале, за свои лични, политикантски, пазарни цели, да ни се придружат во битката со заедничка цел – започнување на процесот на демонтажа на оваа насилно инсталирана власт се до целосна реализација, се до целосна демонтажа на еден ненароден, нечовечки и насилно инсталиран систем на владеење. Систем изграден врз лаги и измами.

П.С.

Текстов ќе го реобјавам дента кога сите политиканти ќе излезат од темнината на своите дупки и јавно ќе го потврдат својот политички пазар. Процес, кој, за жал, некои од нив веќе го започнаа.

(Авторот е претседател на МААК)

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top