На прво место

Лудаците ја преземаа лудницата

Лудаците ја преземаа лудницата

Македонија е во дилема: ни беше речено, уште лани, дека сме добиле датум за преговори со Европската унија како наплата за промена на уставното име во Северна. Чекаме еве, и денес и утре… да ги запознаеме инвеститорите што чекаа нетрпеливо на граница да инвестираат во Северна но, никој не ги видел.

Еден од Холандија што инвестирал во расадник, во Тетово, деновиве со камен го утепа работник што бил фатен додека спие на работно место. Значи, еден европски инвеститор помалку откако станавме Северна. И сега, некако ме фаќа јанѕа, дури и паника. А има и зошто.

Прибидејќи ние сме уште под наркоза, во сон, дека лани сме добиле датум за преговори со Унијата се плашам што ќе се случи кога газдата од Брисел ќе не фати нас на спиење.

За среќа, јас не сум под наркоза, и благодарение на демократијата која се повеќе ескалира очите ми се ширум затворени. Гледам, ама не смеам да видам.

Дваесет години тврдам дека Македонија НИКОГАШ нема да биде членка на Европската унија, како самостојна држава и ваква ЕУ каква ја знаеме. Ако влезе, и тоа можеби, би влегла само во група со Албанија, Црна Гора, Косово, Босна и Србија, со еден ротирачки претставник во ЕУ. Алтернативно, би влегла во периферна, трета класа, откако Европската унија ќе се подели на три зони: прва за богатите, втора за источните и трета за аутсајдерите кои нема да имаат ни приближни права како граѓаните од првите две зони.

И така, додека гледам, а не смеам да видам, во себе гласно размислувам… Што се уште не е казниво. Барем се надевам.

Гледам дека победата на Пендаровски СДСМ ја плаќа со сопствен пораз и себуништување. Рокот на употреба истекува, остана само амбалажата. По најавата дека за нови гласови и победа на Пендаровски Заев ќе прави чистка, ветеното треба и да се испорача.

Заев, како и секогаш, најрадо би се предомислил и би заборавил уште утредента што рекол, но суетите се распалени, очекувањата подигнати на највисоко и назад е уште поскапо отколку да се тргне напред, во метење на ѓубрето за кое Заев смета дека му стои на патот до светлата иднина кога, како што вели тој, ќе блеска се околу нас. Држава како Сваровски.

Прво од ДУИ му порачаа да си гледа во својот двор. Нивни шеф е Ахмети, а не Зоран Заев. Со тоа му дадоа на знаење дека Заев е премиер на две третини влада, ДУИ е власт за себе. Нешто како федерализација на дело: ти мисли на твоите, а ние на нашите. Потаму – јок.

Соросоидите не чекаа Заев да мисли и смисли. Да одлучи. Сашо Орданоски му порача дека од метлата нема фајде, дека не му чини системот, а автор на системот е лично тој, Заев. Со други зборови, не чепкај по нашите затоа што ние ќе те пукаме тебе. Извесен Ненад Јовановиќ од соросовиот камп пак цени дека Заев тргнал по чекорите на Груевски, дека концентрирал огромна моќ во своите раце и дека смените во власта ќе бидат производ на негови лични желби. Џабир Дерала од Цивил смета дека само се променила формата на режимот. – Пред две и пол години чекавме Живот, сега ја чекаме Метлата. Дечко, дај уште едно еспресо, те молам! Да не седи празен асталов додека чекам… пишува Џабир Дерала во колумната со пораки до Зоран Заев.

Соросидите сметаат дека метлата треба да значи нови масовни апсења на политичките противници, откази на сите од државната администрација кои не се од нивните, и повеќе пари за невладиниот сектор од фондовите на власта. Како и да се викаат тие фондови.

Радмила Шекеринска, како најизложен експонент на соросоидите во политиката реши да ја земе метлата во свои раце. Барем додека Заев е на одмор. Па, во отсуство на Заев, во сабота кога време не и е се појави и издаде насоки: Стево Пендаровски да поништи се што Ѓорѓи Иванов наредил, и да ги потпише сите одлуки и закони кои овој ги одлагал. Законот за СЈО мора да се реши така што СЈО ќе работи како и досега: ќе ги гони и затвара само, и само нивните политички противници. Метлата треба да удри најмногу врз државната администрација, а функционерите се во втор план, смета Шекеринска. Граѓаните се жалеле пред се на државните службеници…

Заев ја загуби власта со денот на победата на Стево Пендаровски. Неговата функција заврши пред странците, а сега завршува и тука, пред неговите. Следи бавна егзекуција.

Штом Радмила Шекеринска во негово отсуство објавува политички смер на власта и партијата, со него е готово. Шекеринска ни на сон не би се дрзнала тоа да го направи ако смета дека Заев е се уште политички жив и здрав. Не, таа веќе го отпишала.

Соросидите кои се споманти сметаат дека најголеми виновници биле “ликовите дојдени од никаде на кои се уште ни имињата не им ги запамтиле“… а тие се луѓето на Заев донесени од провинција, предводени од Оливер Спасовски и генсекот Кирацовски.

Патем, ако се видат резултатите од изборите, само две имиња од врвот на СДСМ можат да се појават со чист образ во јавноста: Оливер Спасовски и Српче Саша Богдановиќ кои единствени задржаа висок резултат во корист на СДСМ, во Куманово и Центар. Се друго е губитник. Шекеринска не се ни појави за време на изборите, веројатно затоа што е сезона на шопинзи. Ниту Никола Димитров, Дамјан Манчевски… Тевдовски исчезна скроз. Роберт Поповски и Шилегов имаат други, течни приоритети. Изборите не се нивна тема.

Мицковски може мирно да спие. И да џогира по Водно. Шекеринска ќе ја заврши работата за него. Шекеринска ги уништи и Црвенковски и Хари Костов и Бучковски. Заев и е само рутина во низа. За Бучковски на Конгрес тврдеше дека неговата корупција ја урива партијата. За Црвенковски дека е бил диктатор покрај кој, патем, таа израснала во ваква.

Нејзината склоност за сплетки, билдање гнев и омраза, лицемерие и газење луѓе е над две децении тренирана вештина. Зарем ќе дозволи Шекеринска Заев да и го смени министерот за здравство Филипче додека нејзината прва другарка ги води бизнисите во Онкологија? Ни случајно. А Рената Десковска, дамата со соросоидна моќ која ги преспа изборите да падне при Шекеренска силна и опиена од славата со покана за НАТО?! Никако. Шилегов, тој апологет на нејзините дела и, едновремено, поет на добрината на Заев – е безбеден. Засега.

Како за човек со очи широко затворени, кој смее да гледа но, не смее да види, толку од мене за оваа тема, и во оваа прилика. Во очекување на победа на соросоидите, што значи нови откази, масовни апсења, прогони и казнувања… и афери само за луѓето на Заев, со очи широко затворени би се навратил на насловот, би ги цитирал Fun boy three кои пеат: Лудаците ја преземаа лудницата…

The lunatics have taken over the asylum
The lunatics have taken over the asylum
The lunatics have taken over the asylum, take away my right to choose
The lunatics have taken over the asylum, take away my point of view
The lunatics have taken over the asylum
The lunatics have taken over the asylum, take away my dignity,
Take these things away from me
The lunatics have taken over the asylum
The lunatics have taken over the asylum, take away my family,
Take away the right to speak
The lunatics have taken over the asylum take away my point of view,
Take away my right to choose

(13.05.2019)

https://vecer.mk/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top