На прво место

УЧК во Македонија беше тренирана од воена фирма на САД

Мајкл Чосудовски: УЧК во Македонија беше тренирана од воена фирма на САД

Тероризмот и финансиското војување САД ги користат во глобалната војна за поробување, вели професорот Мајкл Чосудовски, канадски аналитичар и експерт за светскиот тероризам во интервју за програмата „Гласот на народот” на ТВ Сонце.

„Сакам да бидам јасен и директен: Ал Каеда е создадена во Америка, Исламската држава е создадена во Америка, сите бунтовнички групи во Сомалија, во Нигерија, во Ирак, во Сирија, на Балканот, Косово, Босна…, и сите џихадистички движења – сите тие, без исклучок, се создадени од страна на САД и НАТО, а за тоа имаме бројни докази“, вели Чосудовски.

Тој додава дека тие се финансирани преку Саудиска Арабија и Катар, имаат врски со пакистанското воено разузнавање…

„Кога луѓето велат дека сме под закана од Исламската држава (ИД), особено непосредно по трагедијата во Шарли Ебдо, јас велам: кој ја поддржува ИД, кои држави ја спонзорираат ИД? И тоа не е само поддршка, западните разузнавачи се директно вклучени. Тие имаат свои специјални сили внатре во ИД“, вели овој Канаѓанец, кој, меѓу другото е економист и уредник на магазинот Глобал рисирч.

Професорот Чосудовски потсети на неговото интервју од 2001 година, кога Македонија беше нападната од УЧК. Овие терористи, рече тој, беа обучувани од воена фирма од САД, МПРИ и во тој контекст посочи на неговата тогаш штотуку објавена книга „Глобализација на војната, долга војна против човештвото“.

Овој канадски експерт јасено укажува: „Тоа е хегемонистички проект на САД, кој вклучува војни, промена на режими, дестабилизација, па дури и превентивна нуклеарна војна. ’Долгата војна’ е исклучок создаден од Пентагон… Тоа не е само воен проект, туку вклучува и финансиска манипулација која води кон економски колапс на цели држави, масовна невработеност, колапс на светската економија…“, додава канадскиот експерт.

Ова е директно поврзано и со Балканот, оценува Чосудовски.

„Неодамнешните Балкански војни всушност почнаа во 1990-те со банкарските реформи на Мeѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во Југославија. Тоа беше шок терапија која сосила и беше наметната на југословенската влада. Тоа, пак, создаде санкции, доведе до колапс на федералната структура, осиромашување на народот. Потоа следеа војната во Босна и во Косово, каде што беше употребена Ослободителната армија на Косово, поврзана со структури од организираниот криминал. Војната во Македонија беше продолжување на војната во Косово, при што американските воени лица од МПРИ соработуваа со УЧК… и сето тоа доведе до балканизација на Балканот“, вели Чосудовски.

Запрашан зошто Македонија и Балканот беа цел на нападите, Чосудовски вели дека „Македонија се наоѓа на геополитичка крстосница, Балканот претставува стратешки коридор за комуникација и копнен, речен, гасоводен транспорт, поврзувајќи ги Јадранското и Црното Море со Каспиското Море. Тоа е гасоводна рута кон Блискиот исток и Централна Азија“.

За џихадистичката Исламска држава и т.н. „политички ислам“, тој вели дека овие организации “не се создадени одвнатре, од муслиманскиот свет, дури ни од фундаменталистичките кругови, туку од муслиманското разузнавање“.

„Не постои природен анимозитет меѓу муслиманите и христијаните, вистинскиот проблем е тоа што 60 отсто од нафтата и природниот гас се наоѓа во муслиманските земји. Како да ги освоите овие земји? Со демонизирање на муслиманите. Да беше нафтата на територијата на будистите, ќе ги демонизираа будистите“, заклучува професорот Мајкл Чосудовски.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/chosudovski-uchk-vo-makedonija-beshe-trenirana-od-voena-firma-na-sad?

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top