На прво место

Горд сум што сум прв пратеник Македонец од МАЕИ

Стерјовски во албанскиот Парламент: Горд сум што сум прв пратеник Македонец од МАЕИ

Горд сум што сум пратеник во Собранието на Република Албанија, за првпат во нејзината историја, од регистрирана Македонска партија. И досега многу Македонци ги имало и ги има во институциите на системот, рече во своето прво обраќање во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, кој со давањето заклетва од денеска е дел од Законодавниот дом.

Тој пренесе поздрави од Македонците во Албанија, кои, како што посочи се лојални граѓани на оваа држава.

-Имам историска должност да Ви пренесам поздрави од Македонците, кои се лојални државјани на Република Албанија, бидејќи таа е и нивна матична држава. Во Албанија сме родени, во Албанија живееме, во Албанија работиме, како албански државјани заедно ќе се грижиме и ќе ја браниме Република Албанија како наша заедничка татковина и нејзините интеграции во Европската Унија, потпирајќи се на стратешкото партнерство со САД. Имаме прекрасна држава на која треба сите да и се радуваме, Господ и природата се ни дале, рече Стерјовски.

Кажа дека е генерален секретар на единствената македонска партија во Република Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, која покрај другите политички партии, додаде,се грижи за сите, меѓу нив и за унапредување на положбата и правата на Македонската заедница во нашето мултикултурно, мултијазично и мултиконфесионално општество.

-Македонците од Албанија, им се придружија на албанските партизани во Втората светска војна и помогнаа во ослободувањето на Албанија од фашизмот и станаа важен дел од оваа земја. Затоа и ние Македонците, заедно со Албанците, Грците, Власите, Ромите, Еѓиптјаните, Србите, Црногорците, Бошњаците, се чуствуваме рамноправни со рамноправните пред Уставот и законите, рече Стерјовски.

Изрази посебна благодарност до Собранието на Албанија кое во 2013 година ја врати македонската топонимија на општина Пустец и нејзините девет села.

Подлече дека Општина Пустец е интересна туристичка дестинација, која е запоставена последните 28 години, и оти смета дека Владата треба да вложи во развојот на туризмот, патната инфраструктура, водоводот и канализацијата, како и да помогне во меѓуграничната соработка и развојот на евро-регионот и национален парк „Преспа“ меѓу Албанија, Грција и Македонија.

-Се разбира, Македонската заедница во Република Албанија не се само Македонците во општина Пустец и селото Врбник во областа на Девол. Македонците во Албанија живеат во педесетина села долж албанско-македонската граница, во областите Мала Преспа во Округот на Корча, Голо Брдо во Околјата Пешкопеја и Гора во околија Кукс, како и во градовите Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Кукс, и други места.

Завршувајќи го свото обраќање тој нагласи дека Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мост на соработка и братство во македонско-албанските односи, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност.

-Ќе вложам се од себе, заедно со сите Вас, до крајот на мандатот да ги остварам обврските на пратеник во ова Собрание и да ги понесам одговорностите од предизвиците пред кои се исправени општеството, народот и државата, сите ние заедно, порача Васил Стерјовски.

Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи побара, а пратениците го поздравија со громогласен аплауз.

Македонците во Албанија обраќањето на Стерјовски го оценуваат како историско, а неговиот пратенички мандат историска победа за нив. (МИА)

https://kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-vo-albanskiot-parlament-gord-sum-shto-sum-prv-pratenik-makedonec-od-maei/

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top