На прво место

Никола Груевски е најпрогресивниот политичар кој го имала Република Македонија

nikola gru

nikola gru

На денешен ден, 2003та година на дванаесеттиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се оддржа во Охрид, Никола Груевски е избран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски е најпрогресивниот политичар кој го имала Република Македонија од нејзиното осамостојување.

Политичар задоен со горделивото минато на Републиката и политичар кој неуморно работеше за афирмација на Македонија во Европа и светот.

Воведе новитети за кои претходно никој не чул на овие простори, повраток на ДДВ, денационализации, странски инвестиции, субвенции во земјоделието, овоштарството, сточарството и други индустриски гранки.

Градење на спортски сали, патишта, стадиони, плоштади, споменици, отварање фабрики и заштитата на националното богатство се негов трејдмарк во работатта.

Горделивоста, инаетот и вербата дека можеме сами без да зависиме од некој беа негови одлики во владеењето.

Поборник за каузата на Македонците и човек кој не ја наведнуваше главата пред никого.
Тоа нешто и го донесе на крај на неговата политичка кариера и го донесе турмоилот кој ја зафати Македонија после неговиот пад.

Стандардите кои ги постави со неговото владеење, се Милиони километри далеку и се недостижни за денешнава владеачка гарнитура.

Посветен 24/7/365 на работата и на Македонија.

Работохолик, кој многу фали во денешно време за да ја размрда закочената и замрзната држава.
Но како и останатите големите лидери на ВМРО во минатото кои завршувале прерано со смрт или во егзил, со таа судбина завршува и Никола.

Неговото збежиште е Будимпешта, место каде што доби политички азил.
Збежиште да, но не и дом, неговиот дом е Македонија, место каде што Никола има многу приврзаници и вљубеници во неговата работа и неговиот придонес за Република Македонија.
Еден од тие кои има Големо почитување на неговото дело сум и јас Кристијан Јандриоски….вечниот Груевист.

Никола Груевски
Почесен Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

20953882 10211119233394203 3377880933623134913 nКристијан Јандриоски

Најново од: На прво место

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

To top