На прво место

Доаѓа време на десницата

Пишува: Светислав ВАСЕВ

Доаѓа време на десницата

Европа е поделена како никогаш до сега. Не на два дела, на десет. Тоа го покажаа резултати од неделното гласање. ЕПП, иако победи, не освои доволно гласови за сама да може да ја изгласа ЕК, тешко дека и во коалиција со социјалистите или зелените би можеле, тука ќе влезат со сигурност и други партии со разни политички идеологии, што само по себе значи многу часови преговори зад затворени врати, ветувања и пазарења. Во таква констелација во наредниот период ќе имаме една Европа која ќе биде насочена кон себе. Македонија тука не е на агенда.

Дополнително на тоа ако се земат предвид лошите резултати на владата, немањето реформи, лошото судство и партизираната администрација доаѓаме до заклучок дека датум за преговори не само што нема да има во јуни, туку прашање е дали ќе има и во септември како што сега брифираат одредени кругови блиски до власта. Едноставно е. Власта нема испорачано резултати, а без резултати во ЕУ не се оди, колку и некој да сака да веруваме во спротивното.

Но да бидеме реални. Европа нам не ни треба само заради Европа, туку ние вистински треба да ја доживееме ЕУ во Македонија. Нам ни требаат европските принципи и работа. Тоа значи реформи во администрацијата, деполитизација на судството, ставање крај за непотизмот, борба против корупцијата и криминалот и на крај деполитизација на општеството. Како што одат работите тешко ова да го гледаме наскоро. Не 1, 100 германски советници не не оправаат со влада која размислува како оваа.

Настрана се. Што очекувате од премиер кој откако најави чистка, која како што вели ја барале граѓаните почна да мете во партијата? Тоа значи дека за него или партијата е држава или дека истата што е исто толку лошо, му е поважна од државата. И едното и другото се лоши опции. Трета нема. Како велат апсолутната власт, апсолутно корумпира…

Но што понатака? Каде со ваква политичка клима? Реално проблемите се наталожени, за промена потребно е рестартирање на системот, но не со стари фаци на различни позиции, туку со нови луѓе и нова политика, нов приод и нов светоглед, во денешната власт такви луѓе нема.
Да се вратам на европската ситуација, од таму ќе го извлечеме и одговорот. Повеќе од јасно е дека по долги преговори претседател на ЕК ќе биде човек од ЕПП, доаѓаат нови ликови и нови приоди, ова дополнително ќе ја влоши ситуацијата на власта. Во услови на растечка десница во Европа и Трамп во САД изгледите за било каков напредок на државата со левичарска влада се скоро и невозможни, ако на тоа се додаде дека истата ја води Заев можеме слободно да заклучиме дека остануваме зацементирани на дното.

Трендот на раст на десницата само што е почнат, левицат паѓа скоро секаде, тргнувајќи од соседството, па нагоре низ Европа. Во такви услови повеќе од јасно е која насока може да направи разлика.

https://lider.com.mk/makedonija/doagja-vreme-na-desnicata/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top