На прво место

Поранешниот министер за финансии од СДСМ распали по Владата на Заев

Поранешниот министер за финансии од СДСМ распали по Владата на Заев

Во 1999 година сегашната опозиција предводена од Љ. Г., Н. Г. и Б. С. ја продаде скопската Рафинерија на Грците и склучи неповолен договор на 20 години со кој на пазарот ја фаворизираше положбата и рафинериската цена на горивата на ОКТА врз грбот на потрошувачите.

Денес во 2019 година договорот истече и е вон сила. Сегашната власт, без наметнатите обврски од договорот донесе свои решенија со кои ги утврдува цените на горивата, но тие останаа исти. Сега немаме неповолен договор склучен од претходната власт со ОКТА нели?

Се прашувам што имаме сега за цената да е иста? Имаме фаворизирање на другите учесници во процесот на снабдување со горива на штета на потрошувачите, што ќе се сведе на исто. Во новите цени на горивата сега се пресметани големопродажна маржа од 1,20 денари за литар (ставка која досега ја немаше во методологијата) и нова малопродажна маржа од 4,60 денари (досега 3,20 денари), со вклучени нови транспортни трошоци од 0,75 денари (до сега 0,50 денари) по литар. Вкупно 2,85 денари по литар нови давачки врз грбот на потрошувачите за се` да остане исто.

Вчера ноќта се зборуваше за слушнати пораки од граѓаните на последните избори и обид да се поправат работите? Неее…. тоа никако.

Сепак штета за една пропуштена шанса да се работи во интерес на јавноста и да не се биде заложник на разни олигарси.

Извор: https://media24.mk/2019/05/28/

Најново од: На прво место

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

To top