На прво место

Уште еден неуспех на Владата и Заев

Мицкоски: Уште еден неуспех на Владата и Заев, најлош резултат на нивото на странски инвестиции во последните години

Поразите и измамите на оваа Влада на Зоран Заев и СДСМ стануваат секојдневие. По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во првите 4 месеци поразителни се и бројките за странски директни инвестиции. Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 години. Уште еден неславен рекорд, вели во видео обраќањето Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година изнесуваат скромни 21.6 милиони евра. Приливите по основ на директни инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во Република Македонија. Нови инвестиции воопшто и да нема. Во февруари на пример имало одлив на капиталот од директните странски инвестиции во износ од 300 илјади евра, а во март одливот на капиталот од директните странски инвестиции е поголем и изнесува 6.8 милиони евра, рече Мицкоски и додаде:

„Дополнително, доколку го споредиме овој квартал со кварталите од изминатите десет години, странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година се убедливо најниски. Ова е потврда дека нереалното ниво на странски директни инвестиции кои се постигнати на крајот од минатата година се надуван резултат кој е последица на реинвестираната добивка кој вештачки го подигна процентот на директни странски инвестиции. Нешто за што веќе дебатиравме и на нешто на коешто веќе предупредувавме. Голема лага е дека има успех во странските директни инвестиции. Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето ветување на Владата на Зоран Заев и СДСМ, и немање на развојна економија. И тоа во време кога регионот бележи огромни успеси на ова поле, додека Македонија е целосно заобиколена“.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту да биде подобро.

-Затоа што времето поминато со оваа влада е неповратно загубено. Граѓаните скапо ја плаќаат неспособноста на власта. Потребни се промени, кои ќе донесат резултати, работа и успеси за подобар стандард за секој човек. На Македонија и е потребна економска обнова за подобар живот на граѓаните.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top