На прво место

Анѓушев ќе дознае многу работи кои ги прави неговиот шеф и ќе се срами од нив ако не знае

mickoski-angjushev-960x564

mickoski-angjushev-960x564Мицкоски одговори на навредите од Анѓушев

Почитуван професоре, ќе дознаете многу лоши работи и ќе се срамите од вашиот шеф

Вие немате проблем со мене туку со неуспесите, кои во овој случај се викаат очајни 21.6 милиони евра странски инвестиции за цели 3 месеци. И Ве молам кога ќе го прочитате ова, не ги слушајте тие кои ќе Ви советуваат одговор со реминисценција на Никола Груевски. Од утре започнува третата година како сте потпретседател на владата, заедно со Вашиот претпоставен претседател, и за жал професоре не успеавте…

Вицепремиерот Кочо Анѓушев се обиде да го објасни рекордно ниското ниво на странски инвестиции во првиот квартал со напади и навреди упатени кон лидерот на опозициксата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека не ги разбирал економските текови, доскорашниот колега-професор од Машинскиот факултетму одговори со директна порака.

Обраќајќи му се со почит, како на постар колега, Мицкоски го предупреди Анѓушев дека ќе дознае многу работи кои ги прави неговиот шеф и ќе се срами од нив ако не знае за нив.

Почитуван професоре Анѓушев, во принцип немаше да реагирам на навредите од денешната Ваша прес-конференција, бидејќи сепак како постар професор имам почитување кое не се стекнува во политиката туку во онаа друга средина каде јас и Вие заедно едуцираме млади луѓе, оние млади луѓе, наши студенти кои веднаш после дипломирањето одлучуваат за карта во еден правец.

Не сакам неуспехот од минатото на ова поле да го амнестирам, но денешната реалност за жал е многу, многу повеќе алармантна, неповратна штета и загуба за сите.

Никако професоре тие да ги препознаат Вашите владини “успеси” од епски досега невидени размери за кои Вие и (се надевам не сте сличен 102,5% на вашиот претпоставен, оној истиот се сеќавате 1€ за 1€ политичар, живи луѓе што јадеше, јас Ве паметам како многу поразличен човек) премиерот зборувате, туку сосема спротивно…., не сакав вака јавно, но и да Ви напишам лична порака секако тие што треба да ја прочитаат ќе ја прочитаат, па затоа вака јавно да не се мачат Нема да должам многу, како помлад колега (но можеби за некои работи поискусен) прифатете критика, па дури и да е негативна како оваа, не трудете се да го задоволите претпоставениот секогаш, затоа што на крајот достоинството нема цена.

Ве познавам подолго од вашата политичка кариера, и кога би се сретнале би Ве советувал да не ги прифаќате улогите кои ви ги дава претпоставениот, затоа што не ви се природни со вашиот карактер и личност, барем не со онаа која што јас ја познавав до пред вашето влегување во политика.

Вие сте именуван функционер, а нас не бираат граѓаните, ајде за нив да сториме нешто, за нашите студенти, ајде да покажеме дека Македонија може поинаку и заслужува поинаку. Заборавете на обожавателите кои Ве убедуваат … браво шефе…, најдобри сте, можеби на краток рок ќе Ви се допадне, но размислете за иднината на Република Македонија (се сеќавате се надевам, не сте ја заборавиле, бидејќи јас никогаш нема да ја заборавам и ќе се борам/работам само за неа).

А на кратко околу самата суштина, Вие немате проблем со мене туку со неуспесите, кои во овој случај се викаат очајни 21.6 милиони евра странски инвестиции за цели 3 месеци. Бројки и факти од официјална институција.

И Ве молам кога ќе го прочитате ова не ги слушајте тие кои ќе Ви советуваат одговор со реминисценција на Никола Груевски. Од утре започнува третата година како сте Потпретседател на владата, заедно со Вашиот претпоставен Претседател, и за жал професоре не успеавте, тажно но вистинито…, одбројува часовникот, ќе слушнете и погледате многу лоши работи што се случија, а Вие можеби не сте знаеле, познавајќи Ве можеби и ќе се засрамите што имавте таков претпоставен неколку години од Вашиот живот, (затоа што веќе народот се срами одамна од овој човек) но не очајувајте не е толку лошо кога ученикот ќе биде подобар од професорот, бидејќи на крајот од денот, Македонија е пред и над се”, му напиша Мицкоски на Анѓушев.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/pochituvan-profesore-kje-doznaete-mnogu-loshi-raboti-i-kje-se-sramite-od-vashiot-shef/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top