На прво место

Никола Груевски: Одлучив да се повлечам од пратеничката функција

Gruevski

Gruevski

Никола Груевски

Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања, непотизам, и огромен број други слабости да се обидува да ги прикрива преку наметнување на лажни информации и тези со очигледна понатамошна опседнатост со мене.

Во минатото СДСМ не штедеа пари и други ресурси во правец и цели за мое оцрнување, омаловажување и создавање лажна слика за невистинити работи, како на пример дека сум бил премиер кој бил против ЕУ, против НАТО, против Албанците во Македонија, или дека сум проневерил народни пари, одејќи и до таа мерка со лаги дека сум бил осуден за корупција.

Во функција ставија десетици дежурни по медиумите т.н. независни аналитичари, новинари, уредници и други пропагандисти, најголем дел од нив на еден или друг начин скриено или отворено платени токму со народни пари со единствена задача да шират лажна пропаганда против мене и против ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е најмногу заради стравот кој им ,,влезе во коските,, после 10 изборни порази од нас, но и нивниот нечесн однос кон народот изразен на пример преку ,,колнењата во најблиските,, дека нема да го сменат името и уставот иако знаеја дека токму затоа се инсталирани на власт, секојдневниот рекет на компаниите и приватниот сектор, дебаклот во економијата, видливата корупција, очигледниот непотизам и нечесно работење.

Последната тема за која не штедат пари да прават лажна пропаганда и против мене и против ВМРО-ДПМНЕ, е лагата дека како корисник на политички азил а заради политички прогон, издаден од земја членка на ЕУ и НАТО, заради прогон токму од нив како владечка партија која испорачува пресуди преку контролираното судство и обвинителство, сум бил неоправдано отсутен во последните шест месеци.

Јасно е дека тоа не е така и благодарен сум што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мошне прецизно и стручно, одбивајќи да подлегнат на притисоците на пропагандата на СДСМ објаснија дека согласно најпознатиот документ на ООН – универзалната декларација за човекови права, азилот е вброен како еден од основните човекови права и не е можно некој да е неправедно отсутен од седници во парламентот ако е принуден да користи политички азил кој од 1948 година ООН го степенувала како човеково право, и кој документ го усвоил и македонскиот парламент.

Исто така пратениците мошне јасно објаснија дека дури и кога некој би бил неоправдано отсутен, уставот во членот 65 остава право на избор на пратениците како ќе гласаат во однос на одземањето на мандатот, па притоа, како и да гласаат нема да е во спротивност со уставот бидејќи не случајно уставот го користи зборот ,,може,, наместо ,,мора,, или ,,треба,, да се одземе мандатот.

Ним а и на целата слободоумна јавност им е совршено јасно дека како и да гласаат тие нема да го прекршат уставот, но ако гласаат за одземање на мандатот ќе го прекршат ,,меѓународниот закон,, кој во членот 14 од документот азилот го третира како основно човеково право.

Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лажна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики. Дојдоа до степен на секретарката во парламентот да и забрануваат да ме пријави како оправдано отсутен.

Но, ни тоа не им помогна, бидејќи што и да сменат тие неможат да ја променат ниту отфрлат универвезалната декларација за човекови права на ООН, ниту да го променат уставот, а дури и да го променат би требало ретроактивно да го применат.

Целта легално да ми го одземат мандатот е јасно дека е неостварлива.

И според уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на комисијата за мандатно имунитетни прашања не подлегнаа на притисоците и пропагандата и им одржаа лекција по меѓународно право и уставно право на нивните колеги од власта кои во отсуство на аргументи расправата ја сведоа на ,,маалска дискусија за политика на клупа пред зграда,, во текот на расправата на комисијата.

Сепак, иако правото, уставот и меѓународните документи се на моја страна, јас нема да дозволам нашата партија и пратеници заради мене и мојот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети. Несакам понатаму ниту да дадам можност на СДСМ користејќи ја оваа тема да ги избегнува дебатите за суштинските теми и проблеми кои го засегаат народот и да ги задскрива своите криминални политики.

Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.

Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците.

Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности.

Да живее Македонија!

Најново од: На прво место

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

To top