На прво место

Оваа Влада не само што е неспособна, туку и штетна

Mickoski

Mickoski

Христијан Мицкоски

Овие 2 години се докажа дека оваа Влада не само што е неспособна, туку и штетна

Беше точно пред две години, 1 јуни 2017та година, кај голем дел од луѓето ден на надежи, на ветувања кои создадоа очекувања, желби за живот, чист воздух, плати од 500 евра, ветување за европска иднина, и сепак кај дел од граѓаните, покрај сите сомнежи за криминал, корупција и виткање на кичмата, беше присутна каква-таква верба во Зоран Заев дека ќе донесел подобро време.

Две години е доволен период за многу работи да се започнат и завршат, да се подготват и почнат да се реализираат. Две години се доволен период едно дете да може да започне со првите чекори, првиот говор, првите промени.

За две години можеше да се проектира и да се започне со градба на нова клиничка болница, за две години можеше да се проектира, започне и заврши со изградба на училиште, нова градинка. За две години се градат нови канализации, водоводи. За две години можеше да се проектира и да се започне со градба на некој нов автопат, да се довршат сите започнати претходно, можеше да го имаме првиот гас кој ќе стигне до крајниот корисник, домаќинство…Но само можеше, а реалноста говори дека ништо од ова немаме. Ќе потсетам и на експозето на премиерот Заев пред две години пред пратениците и ветувањата дека ќе имаме раст од 5 проценти на економијата секоја година, кои за жал ги немаме, на ветувањата за реформите во судството и обвинителството кои за жал се претворија во политички прогон, на ветувањата за земјоделците, докторите, студентите.

Овие две години се случија безброј афери и скандали кои го срушија кредибилитетот на власта: криминални иновации, крвави тендери во здравството, државни тендери за семејството на власт, плантажи со марихуана, непотизам кој е распространет како канцер, некомпетентни советници на премиерот кои се скапо платени со народни пари, скандалозни програми од министерството за култура и уште поскандалозна распределба на тие пари, втората амнестија на Заев и покрај видеото каде се гледа дека работи по принципот евро за евро, скандалозни тендери и репарации во РЕК, државни пари во фирмите на потпретседателот на Владата, на блиски луѓе на министрите на власт, нерасветлени убиства, малиот Сазде, убиенот фудбалер Јанушев во Скопски Аеродром, неправедната казна за сообраќајката во која настрада малата Фросина, ослободувањето на обвинетите за Монструм, амнестијата на над 700 криминалци, пратеник фатен како нарачува недозволиви супстанци и нема никаква кривична одговорност, градоначалник на власта шверцер со казна која и не е казна, туку потсмев на законите….и десетици други афери, скандали, пропусти.

Овие 2 години се докажа дека оваа Влада не само што е неспособна, туку и штетна. Ќе потсетам на името, променетиот устав, продаденото достоинство, идентитетот. И многумина од граѓаните можеби си мислеа, ова беа кнедлите кои мораа да се проголтаат за да имаме светла европска иднина. Но гледаме дека со оваа влада и тоа го немаме. Европа е се подалеку, не затоа што Европа не не сака, туку затоа што немаме реформи, немаме способност да се судри владата со корупцијата која ЕУ констатира дека постои, со криминалот кој Владата го штити, да се занимава со економијата која е се полоша, со неславните рекорди за најмали капитални инвестиции, најмалку странски директни инвестиции, со стандардите за животна средина кои Владата не ги исполнува, со загадениот воздух кој убива, со Охрид чие културно наследство пропаѓа и се уништува, со проблемите во здравството, образованието. Ова нивно главно ветување за европска иднина се претвора во уште една измама. Лани не убедуваше премиерот Заев дека имаме датум за преговори за кои велев дека го немаме, ова година истата лага само различен месец. Овој човек лаже суши, и секој од вас знае дека влегувајќи во третата година од неговата власт нема да биде подобро. Погледнете го видеото како безочно не ја говори вистината, и она што се чини дека претставува еден вид општествен хазард е фактот што неговите лаги започнуваат да се доживуваат како секојдневие, како некоја вобичаена работа, не затоа што не се скандалозни, туку затоа што се чести, станаа дел од нашите животи, се сруши летвичката на моралот и вредностите. Оваа Влада е елементарната непогода која не влече во поголема бездна, која ги разочарува луѓето, секој еден човек, а доказ се картите во еден правец кој се повеќе ги има, и се помалиот број на луѓе во градовите и селата кои остануваат да живеат. Со оваа влада криминалот е се поголем, а шансите за заедничка иднина се помали.

Ако на Светот му се случи цунами, за жал на Македонија овие две години и се случи Зоран Заев. И ова мора да се смени. Јас немам дилеми, дека мораме да се спротиставиме на уништувањето и измамите. Доаѓа ново време, независно од последните крици на забревтаната власт во заминување, било тие да се викаат метла, изнасилено блескање или било некаков еуфемизам за разблажување на болната реалност.

Потребна е правда, работа за подобар стандард и успеси. Македонија пред се, и нас се. Затоа што Македонија е нашата судбина и иднина!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top