На прво место

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од денес е во дводневна посета на Берлин

д-р Христијан Мицкоски од денес е во дводневна посета на Берлин, Сојузна Република Германија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски и членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Трајко Славески од денес се во дводневна посета на Берлин, Сојузна Република Германија.

Делегацијата ќе земе учество во програмата која е дел од високиот дијалог на фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг и десничарската германска сестринска партија ЦДУ на Ангела Меркел, каде централна тема ќе биде гео-eкономската конкуренција и Западниот Балкан: како да се надминат предизвиците и креираат нови можности.

Во рамките на оваа програма ќе се разговара и за економските можности, развивање на шансите за напредок, како и европското интегрирање на регионот на Балканот.

Свое учество на дводневниот настан ќе имаат и Манфред Вебер шеф на парламентарната група на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент, д-р. Волфганг Шојбле претседател на Германскиот Бундестаг и поранешен министер за финансии на Германија, проф. д-р Роланд Коч министер претседател на германската покраина Хесе, Јенс Спан германски федерален министер за здравство, пратеникот Христиан Лиднер, Астрид Хамкер претседател на Економскиот совет на ЦДУ, Гутхер Отингер Европски комесар за буџет и човечки ресурси, Питер Алтмаер федерален министер за економија и буџет.

Во текот на денешниот ден Мицкоски и Славески ќе учествуваат на панелот насловен Берлинскиот процес: Германската обврзаност за Европската перспектива за Западниот Балкан, кој ќе биде отворен од д-р Јоаким Бертеле советник за надворешни, безбедносни и развојни политики на Германската Канцеларка Ангела Меркел. Свое учество ќе има и Франк Прис, Заменикшеф за европска и меѓународна соработка на Конрад Аданауер Штифтунг.

Подоцна во текот на денот ќе има панел дискусија за Западниот Балкан, влијанијата врз развојот и Европската Унија, каде ќе дискутираат меѓу другото и пратеници од Европскиот Парламент на владејачката партија на Ангела Меркел ЦДУ, Петер Бејер координатор на комитетот за трансатланска соработка, проф. д-р Патрик Сенсбурк, Мариан Венд.

Вториот ден ќе биде посветен на анализите за економската динамика за развој на Западниот Балкан и целиот регион.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе го искористи престојот за афирмирање на стратешката цел членство во Европската Унија, динамизирање на процесите кои треба да бидат довршени за постигнување на високите стандарди, како и билатерални средби каде ќе се дискутира за прашања важни за нашата земја. Мицкоски ќе ги запознае своите соговорници и за лошата економска состојба, потребата за реформи и забрзување на процесот на интегрирање на Македонија во европското семејство.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top