На прво место

Луѓето не треба да се плашат од својата влада. Владата треба да се плаши од својот народ

61820543 10214730829319550 3977540354940338176 n

61820543 10214730829319550 3977540354940338176 n

БОБАН НОНКОВИЌ-“Луѓето не треба да се плашат од својата влада. Владата треба да се плаши од својот народ”!

СТРАВ ВО КОСКИ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Демек, заради безбедносниот протокол при заминувањето на делегацијата на НАТО, предводена од генералниот секретар Јенс Столтенберг од Скопје, полетувањето-слетувањето на чартер-авионот со македонските херои од РК Вардар, денес е неколку пати одложувано.

Со оглед на тоа што, конечно, пред неколку минути полета чартерот со европскиот ракометен шампион од аеродромот во Келн, македонските горостаси би требало да пристигнат во Македонија околу 22 часот, иако претходно беше предвиден нивниот пречек да биде околу 18:30 часот!

Лицемерниот патриотизам на градскиот очув на Скопје, Шилегов, со испраќање на чартер-авион за ракометарите, се покажа како уште едно фрлање во бунар на народните пари, ако се знае дека нашите Спартанци од Келн требаше денес да пристигнат на аеродромот “Александар Велики” во 23:30 ч. со редовен лет, а вака, со чартерот на пијаниот скопски очув, ќе дојдат само еден час порано и 39.500€ помалку, потрошени народни пари од касата на Град Скопје за намерно одложуваниот чартер-лет.

Квинслишката окупаторска власт во македонската земја е престрашена од напливот на патриотска енергија кај македонскиот народ, кој во десетици илјади е распослан долж рутата и на аеродромот (каде ќе пристигнат ракометарите), односно на плоштадот “Македонија” (каде е официјалниот пречек) и гласно и непрекинато извикува “Никогаш Северна, само Македонија” (што одекнуваше и синоќа, во “Ленксес” арената каде со тој извик ги надјачавме и повеќебројните унгарски навивачи!).

Кога и да пристигнат, Македонците масовно ќе ги пречекаат своите херои и ќе одекнуваат патриотски песни насекаде низ републиката, бидејќи Македонштината се разгоре и никој од македонскиот народ нема да дозволи да згасне. Никогаш!

Заев и плуто-клептократската предавничка банда се свесни дека од синоќа започна обединувањето на Македонците зад континенталниот успех на РК Вардар и со бајракот со Сонцето од Кутлеш тргнуваат во враќање на татковината, на Република Македонија во владение на нејзиниот суверен – македонскиот народ!

Заев и неговите разбојници од окупаторската фашистичка власт се свесни дека денес Македонецот го исправа ‘рбетот и тргнува да си ја врати украдената татковина!
Странските поддржувачи на Заев и бандата и тоа како ги знаат зборовите на легендарниот англиски писател Алан Мур:

“Луѓето не треба да се плашат од својата влада. Владата треба да се плаши од својот народ”!

#НикогашСеверна
#МакедонијаВечна

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top