На прво место

Дозволено им е на сите етникуми од Македонија и надвор да бидат навивачи на Вардар

Komiti-Severna-nikogas-Makedonija-zasekogas-1-1-702x426

Komiti-Severna-nikogas-Makedonija-zasekogas-1-1-702x426

“Комити” жесто возвратија на провокациите и одговорија на прашањето: ,,Кој може да навива за Вардар,а кој не?”

Да, дозволено им е на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и сите останати етникуми од Македонија и надвор да бидат навивачи на Вардар.

Дозволено им е и на муслиманите кои се вљубени во нашиот Вардар, на кои во овој момент им го честитаме празникот.

Дозволено им е и на ‘комуњарите’, атеистите, евреите, методистите, католиците, жените, децата, богатите, сиромашните, бездомниците…
Дозволено им е и на оние кои не се помеѓу нас, отсутните, чии души и по напуштањето на телото сеуште се со Вардар до вечноста…

Дозволено им е и на оние кои мислат дека Аце бил таткоубиец, и на оние кои беа изманипулирани и излегоа да гласаат за окупација на Македонија во една лакрдија и меѓународно “Big Brother show” кое се нарече Референдум…(кој btw од легален и морален аспект беше неуспешен). Дозволено им е и на предавниците и непријателите, Вардар е голем и е општо добро на сите, Вардар е Национален Бренд кој го обедини и по втор пат овој напатен, понижен и изманипулиран народ…Да, дозволено им е на сите да бидат со Вардар и нема никаква селекција и дискриминација.

Сепак има нешто што се нарекува поредок и природна селекција, и чуден феномен се случува, видете, некако оние кои го сакаат од срце Вардар, “Аце – таткоубиецот” го нарекуваат АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ – МАКЕДОНСКИ, не дека така измислуваат, туку дека така го обележала и историјата напишана од повеќе независни едни од други извори.
Дозволено им е и на бабите, не само на дедовците, но повторно не сите баби се супер бабички, и секогаш има и онакви кои не се во право, но само поради почитта кон постарите која ја имаме стекнато учејќи од домашното воспитување и улицата, премолчуваме понекогаш, не им го кршиме филмот…Тие позади себе имаат долгогодишно животно искуство кое на многу, но за жал не и на сите им дало мудрост…Мудрост да се премолчи кога зборовите се одвишни, кога навредите и обвинувањата се неосновани, кога радоста е нешто што треба да се слави наместо предрасудите и стереотипите.

Точно е ние не сме историските Комити од времето на Илинденците, ние не сме зеле оружје за да се одбраниме од непријателите и агресорите на Македонија, туку нашето оружје е токму таа мудрост која на тие многу мал процент на баби им недостига и покрај годините и искуството.
Нашето најсилно оружје е нашата луда, беспомошна и безрезервна љубов кон нашиот Вардар, кој живее во нашите срца и Македонија, која ќе живее во нашите души до вечноста. Впрочем токму тие кои беа на плоштадот Македонија ја почувствуваа таа енергија, таа возвишена љубов и поврзаност на навивачите со играчите и воопшто клубот. И токму затоа постојат исклучоци и статистички грешки, за да пронајдат нешто што било неприфатливо на Македонската Парада на гордоста на плоштадот и прославата на втората титула Шампиони на Европа. Истата таа Европа која вие ја прокламирате како вредност и идеал кон кој тежнееме, богиња пред која треба да клекнеме на колена за можеме да и припаѓаме…

Но ние не сме вазали, не сме тој тип, ние сме Комити, Комити Македонци, за Вардар навиваме, животот го даваме.
Свои на своето, прашањето е кои сте вие?
#ToWhomItMayConcern

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top