На прво место

Заев ја срами нашата држава на секој чекор

Заев ја срами нашата држава на секој чекор, а притоа ризикува да ги влоши односите со меѓународните партнери на Македонија

Република Македонија и македонскиот народ го менуваат Зоран Заев, сосе сите негови решенија за аболиција, за датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

Знаеме дека цената на лажгото и манипулаторот Заев е мала и никој не би го примил во сопствената земја, па во пакет би ги понудиле нивите со марихуана на Вице, зградите на државно земјиште во Струмица, камионите што возат за РЕК Битола, дивоградбата Цареви Кули, багателно купениот „Герас Цунев” и се разбира на „Мирчо бишкарникот” сосе проектот „Евро за Вице” и штедилницата „Пеон”.

Доколку и ова е недоволно за ЕУ да ни додели датум, Македонија и граѓаните ја прошируваат понудата со вилата во Грција, скапите мотори, луксузните лимузини на Вице и целиот картел околу Заеви.

Нема крај на понижувањата кои Зоран Заев им ги сервира на македонската држава и македонскиот народ. Заев ја срами нашата држава на секој чекор, а притоа ризикува да ги влоши односите со меѓународните партнери на Македонија.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда се прочитани, дома и во Европа. Тој повеќе нема простор за маневар, нема простор за лажење и манипулирање на македонската јавност. Не му поминува во јавноста ноторната лага дека тој не е виновен што Македонија и оваа година не доби датум за преговори со Европската Унија. Не минува приказната дека некој друг е виновен за неговата неспособност и погубните политики кои ги спроведува.

Само Заев и неспособната влада на СДСМ се одговорни за колапсот на економијата. Тој и неговата криминална банда се виновни што во Македонија има селективна правда и политички монтирани случаи. Заев е виновен за криминалот и корупцијата, бидејќи тој ја третира буџетската сметка како партиска па од неа преку криминални, тендери и грантови и партиски вработувања ги исплаќа партиските послушници.

Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат да бидат казнети за неспособноста, неработењето, криминалот и корупцијата на власта.

Македонија по 10 пат добива позитивна препорака за почеток на преговорите со Унијата, нашата држава заслужува да биде дел од Европското семејство.

Зоран Заев нема повеќе политички кредибилитет и мора да си замине. Потребно е формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори во најкус можен рок.

Време е Македонија да се врати на вистинската патека, патека на реформи, проекти, силна економија и севкупен развој.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

To top