На прво место

Хиените кружат околу Заев

ЛАТАС: „Шарената револуција ја предводеле наркомани, а Заев им е виновен што лидерот им е фатен во тоа„

Вардар е европски шампион. Повторно. Цела Европа ги гледаше македонските знамиња на победничкиот пиедестал, и македонската публика дојдена во Келн за поддршка. Поубава препорака и промоција за Македонија, здравје.

Вардар е чудо. Тим кој не примил плата осум месеци се испрси и победи против оние кои пливаат во пари. Победа извлечена од срцето на тие млади луѓе на кои, во најголем дел, ова им е последен настап за Вардар бидејќи мораат да заминат. Авторот на ова македонско чудо, Сергеј Самсоненко, објави дека не е веќе платежно моќен да го издржува клубот. Дека сите играчи можат да си заминат.

Овие што сега владеат направија се што можат Самсоненко да падне во бизнисот. Да замине, затоа што е Рус што гради руска православна црква а не дивоградба минаре како во Охрид, затоа што не е под нивна контрола, затоа што успехот кој го постигнува со години е заедно со Комитите кои и викендов, во Келн, носеа транспаренти: Македонија секогаш, Северна никогаш… затоа МТВ и не смееше да го пренесува финалето во кое Вардар победи. Да не ги ремети Северџаните.

Вардар е култ. Неговата химна е: Ој Вардаре македонски, ти ја красиш Македонија… тоа е опасност за власта, провокација за Северџаните. Тоа е нешто што мора да згасне. А кога ќе згасне и тоа, што ќе ни дадат за замена. Ништо, како и секогаш.
И така, од победа во слава на нацијата, доаѓаме до суровата политика.
Најавената метла, како катарза за народното незадоволство не се случи. Ниту ќе се случи. Чистка не е смена на локални партиски шефови. Никому во Скопје, Штип или Прилеп ништо не значи смена на партиски локален шеф во Берово или Кратово.
Оние кои темелно го уриваат функционирањето на владата, а оттаму и на партијата, остануваат непипнати: Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов, Венко Филипче, Кочо Анѓушев, Роберт Поповски и Драган Даночен Тевдовски се имињата зад кои стои криење зад функциите, корупција, длабоки промашувања и одговорност.
Метлата се сопна пред вратата на ДУИ. Тие остануваат безгрешни и никому одговорни. ДУИ, после Заев, ќе има најголем ќар од сите лажни партиски реформи.
Трнот во окото на ДУИ, Мухамед Зекири, еден од потпретседателите на СДСМ е во оставка. Нема никаква дилема дека е тоа нарачка од Али Ахмети. Соживот меѓу Ахмети и Зекири не е можен. Особено откако помеѓу двата круга создаде опасен конфликт со гласачкиот инструмент на ДУИ – ИВЗ и поглаварот Сулејман Реџепи со што ја доведе во неизвесност и победата на Пендаровски. Друго е прашање дали аргументите на Зекири се одржливи, соживотот потоа не е одржлив.
ДУИ победи. Дополнително, командант Хазби Лика влезе во Советот за координација на разузнавачката заедница, најмоќно безбедносно тело во државата.
Соросоидниот блок во СДСМ, кој е политички доминантен во кампот уште од 2014, е во акција за уривање на Зоран Заев. Тоа го гледаме сите. Доколку ова уривање на Заев значи само притисок за исполнување на нивните желби: свои кадри на добри функции, управни одбори, добро платени места и грабање што е можно повеќе во секоја прилика од парите на буџетот под форма на невладин сектор и никому потребни проекти… тоа би било решливо за Заев, и би се испазариле. Но, тоа им е само попатен ќар.
Невладиниот соросов сектор е хиберниран. Без милиони дипломатски долари и менаџирење од странство тие се никој и ништо. Аморфна маса која се суши како медуза исфрлена од морето на жешка плажа. Странскиот проект за смена на името, и сето што следи кон тоа е – завршен. Тие никому веќе не се потребни, а Заев ниту може ниту смее да ги вдоми сите на функции, и да им ги компензира милионите странски долари кои се трошеа на нивни активности, особено последниве пет години. Ако тргне по тој пат ја губи поддршката во партијата, затоа што изворните партиски лидери не сакаат да гинат за други.
Деновиве Софија Куновска, поранешен шеф на скопската организација на СДСМ, за Радмила Шекеринска, лидерот на соросоидите во СДСМ, напиша дека е политичка хиена. Хирушки прецизна квалификација од некој кој добро, многу добро ја познава Шекеринска и лично, а и во нејзиниот политички живот. Долгогодишниот шеф на кабинетот на Бранко Црвенковски, Наташа Савова, за Шекеринска рече дека е канцер на партијата… и тоа е оценка на некој што ја знае Шекеринска од прва рака.
Сезоната на хиени е отворена. Ловот е во тек, но резултатот е неизвесен.
Зошто Зоран Заев не може да се испазари со соросоидите. Да ги плати од државна каса тие милиони долари за нивна алиментација, и да стави нови десетина-дваесет соросоиди на добри функции? Затоа што тие ќе одат понатаму. Докази има многу, еве ги најновите.

Сашо Ордановски му порачува на Зоран Заев дека на сите им било јасно дека Груевски не би избегал ако власта не сакала да го дозволи тоа, и дека постои таен договор помеѓу СДСМ и ВМРО за елиминација на СЈО вакво какво што е сега. Патем, соросоидните новинари по своите колеги пуштаат абер за некој телефонски разговор помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, три дена пред Груевски да замине за Будимпешта. Веќе подолг период истите извори зборуваат за милиони платени од најбогатите цели на СЈО за заташкување на процесите. Ова никој не го демантирал.

Понатаму, Насер Селмани, доскорешен контраверзен претседател на соросоидното ЗНМ, кој сега пишува за провладиниот Фокус, му се заканува на Заев дека ако не ги исполни барањата на шарените соросоиди го очекуваат вонредни парламентарни избори на пролет и губење на поддршката од меѓународната заедница.
Значи, за поддршка од меѓународната заедница и опстанок на власт не се битни проекти, економски и други резултати и гласачите, битно е само да се товат шарените соросоиди, и се ќе биде ОК. Селмани, во Фокус, го напаѓа Заев дека не го заштитил нивниот пратеник Павле Богоевски при скандалот со трговија со дрога. Павле Богоевски можеше сам да го реши скандалот со прост и брз тест за дрога, но немаше храброст за тоа.

После се, останува фактот дека шарената револуција ја предводеле наркомани, а Заев им е виновен што лидерот им е фатен во тоа. За нив, дрога и политичар се неразделен пар.
Доколку Заев ги прифати барањата на соросоидите, добива власт уште по неефикасна од сегашната. Соросоидите никаде, никогаш, ништо не сработеле, па нема ни во иднина. Потоа, Заев со вакво СЈО е нивната следна жртва. Соросоидите преку СЈО ќе го соборат на патос, и патот до власт и лидерство за Шекеринска е отворен. Тие бараат негов пад и смена во време кога СДСМ е на власт, смена со Шекеринска која би дошла на готово, а не по пат на нови избори со нејзино лидерство кои таа, како и секогаш, би ги загубила.
А бидејќи ВМРО веќе долго собира и документира случаи на тешка корупција во владата, кај некои правосудни органи и бизнисмени блиски до СДСМ кои добиваат по десетина тендери годишно, Заев фрлен на колена би бил лесен плен за ВМРО.
Хиените се пуштени во лов. Тие напаѓаат само во чопор, и немоќни жртви.
Има ли Заев кадри кои ќе ја засилат неговата позиција и функционалноста на владата? Јас такви не гледам. СДСМ никогаш не форсирал паметни, тоа е фундаменталната политика на Црвенковски, а осоебно не вредни и работливи. Кога си дозволија луксуз да ги загубат Гордан Георгиев, Зоки Јовановски или Гордан Калајџиев, во малава Македонија други тешко се наоѓаат, а да имаат и политичка свест и лојалност, и способност и посветеност.
Без инструментите на власт и милионите, Даскалот Мицковски уште сега има имиња кои доминираат во политиката, особено од новата генерација. Од искусните тешко во СДСМ ќе најдете теренец како Владо Мисајловски или политички капацитет што може да се носи со Антонио Милошовски кој искрено на Заев му предложи да ги земе Илинка Митрева и Блерим Река за советници, а млад кадар како Александар Николовски, Тимчо Муцунски или Димса Арсовски… СДСМ нема ни во најава.
Битка за власт се добива прво дома, потоа се е избор и примена на организација и искуство. Заев го знае ова и, очигледно, темелно се подготвува за тие предвремени парламентарни избори. Без своите први соработници како целта на соросоидите Оливер Спасовски, или искусниот Али Ахмети тој е гола мета за отстрел.
Хиените кружат околу Заев кој се уште како единствено оружје против нив ја има метлата во своите раце… ржат и чекаат да се измори, да остане сам. А потоа, хиените настапуваат.

https://www.magazin.mk/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top