На прво место

Традиција на премиерот – времето ги демантира неговите изјави

Традиција на премиерот – времето ги демантира неговите изјави

Една средба две толкувања. Според македонската влада, Заев добил ветување од Меркел за точен датум за старт на преговорите на Македонија со ЕУ во септември, а пораките од берлинските пратеници се дека Бундестагот допрва ќе решава, во септември, за евентуален датум. Дали работите се кристално јасни? Одговорот е не.
Имено, надежта што македонската влада ја претставува како датум, несомнено може да биде ново фијаско, што значи дека останува отворена опцијата за враќање на мандатот од страна на Заев, како што и самиот најави. Но дали тоа ќе се случи? Извори на Алфа од „Бихаќка“ велат дека предвремени избори нема да се распишат, односно ќе се чека септември па потоа ќе се решава. Тоа значи дека летово може да биде неизвесно.
А неизвесна станува и „метлата“, односно реконструкцијата. Со оглед на тоа што премиерот рече дека таа би била непотребна ако немаме датум, односно се распишат предвремени избори, значи дека и владиното „чистење“ ќе го чека септември. Тоа го предвидуваат и нашите извори од „Бихакќа“ кои, за сега, ќе го чекаат прво Заев назад во Скопје.
Заклучокот е дека ниту датумот е тука, ниту пак „метлата“ ќе се случи, што значи премиерот избоксува некој месец плус. Сепак кои ќе се следните официјални чекори ќе каже самиот Заев. Прашањето е дали и во што да веруваат македонските граѓани, кога лично премиерот цела измината година не уверуваше дека имаме датум?
-Македонија доби датум за почеток на преговорите, јуни 2019, ред е тоа да биде потврдени и од независната страна, Европската Комисија. Излезе и претседателот на Европскиот Совет заедно со мене на прес конференција, со брендирана позадина да го потврди тоа, комесарот Хан кој што е задолжен за преговорите, го потврди тоа неколкукратно и ќе дојде и во Македонија да го потврди тоа. Мислам дека е дегутантно да се негира до ден денеска фактот, дека Македонија доби датум за преговори, рече Заев, 2 јули 2018 година.
Една година подоцна, како и тогаш кога рече оти датум имаме, за него убавата вест ја сподели на социјалните мрежи. Тогаш „селфи“ со неговите министри, сега статус дека датумот е наш во септември.
Она што во овој момент е повеќе од јасно е дека македонскиот пат кон ЕУ е несигурен, има дупки – како и голем дел од скопските улици. Чекорењето треба да е внимателно, прецизно, концентрирано. А без реформи, само со променето име шансите се еднакви на нула.
На сето ова стои уште една димензија: фактот дека Германија не е единствената пречка за старт на пристапните преговори. Против се и други влијателни земји членки како Франција и Холандија кои засега остануваат на ставот дека не сме подготвени пред се поради недостатокот на реформи и владеење на правото. А нужни се и внатре-европски реформи за да може „куќата да прими младата невеста“ како што порача францускиот амбасадор во интервју за Алфа.

Искра Коровешовска

https://alfa.mk/

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top