На прво место

ЕУ треба да престане да се преправа дека сака да ги прими државите од западен Балкан

265985-eu-treba-da-prestane-da-se-preprava-deka-saka-da-gi-primi-drzhavite-od-zapaden-balkan

265985-eu-treba-da-prestane-da-se-preprava-deka-saka-da-gi-primi-drzhavite-od-zapaden-balkan

ЕУ треба да престане да се преправа дека сака да ги прими државите од западен Балкан

„Државите од западен Балкан се преправаат дека спроведуваат реформи за да ги исполнат условите за напредување кон членство во Европската Унија, а ЕУ се преправа дека сака да ги прими“, болно прецизно дијагностицира аналитичар на Јутарњи лист. За соопштенијата на ЕУ (кои локалните жреци после ги толкуваат како да се каменот од Розета) вели дека Унијата е полна со махери чија задача е НЕ да го претстават како МОЖЕБИ а тоа МОЖЕБИ на луѓето да им звучи како ДА.

Некои држави од ЕУ, првенствено Франција и Холандија, најрадо би рекле дека проширување веќе нема. Ама не го можат тоа бидејќи знаат дека таква порака би можела да предизвика нови тензии во регионот на западен Балкан, каде „иднината во ЕУ“ е она што е заедничко, колку и да е далеку она што се нарекува „европска перспектива,“ пишува Аугустин Палокај.

Она што деновиве се случуваше е доказ колку продолжувањето на проширувањето е непожелна тема. Со денови траеја консултации и договарања како да се одбие предлогот за отворање преговори со Македонија и Албанија а тоа да не се протолкува како одбивање.

„На мајсторите за јазични акробации – со кои ЕУ е полна – задача им беше како на јавноста да ѝ претстават дека НЕ е всушност МОЖЕБИ а тоа МОЖЕБИ да биде доживеано како ДА“.

За Македонија (патем, Палокај не чувствува потреба да ја вика Северна, за разлика од домашните скотови – н.з.) која токму за да добие датум си го промени името, цела деценија по ред Комисијата предлага отворање на преговорите. До сега изговор беше грчката блокада. Сега таа блокада ја нема, ама сега блокира Франција, со помош на Холандија и премолчена поддршка од Германија.

Тешко е да се каже дали е поискрено она што го прават Холандија и Франција кои едноставно викаат дека се против или пак Германија која се вади на процедурите во Бундестагот. Холанѓаните секогаш порачувале дека тие имаат „строг но фер“ пристап, од што на крајот испадна дека имаат само „строг пристап.“ Колку таа држава е против проширувањето покажа и случајот со Украина која влезе и во војна за да ѝ се приближи на ЕУ, за на референдум во Холандија граѓаните да гласаат дури и против Договорот за придружување, кој нема никаква врска со можното членство во ЕУ.

Наместо одлука, државите на ЕУ најмногу време потрошија на преговарање како таа одлука да се одложи и како тоа да се формулира. Дали да спомнуваат есен, дали септември, дали октомври, дали ништо од тоа.

„Најсмешно е што скептичноста околу проширувањето на ЕУ во нејзините земји членки се припишува на порастот на поддршката на крајната десница. А најголеми кочничари на проширувањето се влади во кои се либерали (Холандија и Франција) или демо-христијани и социјалдемократи заедно (Германија). ЕУ не е искрена околу проширувањето и подобро е да престане да се преправа. Германија донекаде сепак е отворена за продолжување на процесот, но откако од власт ќе замине Ангела Меркел, и таму работите би можеле да се сменат бидејќи пријатели на проширувањето и во Германија нема многу. Над 60% од граѓаните на Германија, слично како и во Франција, и онака се против примање нови членки во ЕУ,“ потсетува Палокај.

На овој аналитичар му е јасно дека и на локалните лидери од западен Балкан, од кои некои се претплатени на функции а некои се речиси доживотни водачи, не им е многу гајле за некоја вистинска „европска иднина“ а камоли за исполнување на условите во борбата против корупцијата, организираниот криминал, непотизмот, деполитизација на судството и слично.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/eu-treba-da-prestane-da-se-preprava-deka-saka-da-gi-primi-drzhavite-od-zapaden-balkan

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top