На прво место

Македонија никогаш не била грчка и тешко дека ќе стане грчка!

Jonaidu

Jonaidu

Кога вистината боде: една изјава на Александра Јоаниду и паниката од реалноста во Грција

Александра Јоаниду е грчка лингвистка и универзитетска професорка, позната по своите јавни настапи во кои отворено зборува за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и табуата што со децении владееле во грчкото општество.

Таа не е политичар, ниту портпарол на грчката влада, туку интелектуалка која се осмелува да ја каже реалноста – без дипломатска шминка.

Кога Јоаниду вели дека Македонија не е и никогаш не била „грчка“, таа зборува за една проста, но за многумина неподнослива вистина: дека името, идентитетот и историското наследство не можат да бидат монопол на една држава или една нација. Дека „Македонија“ не е бренд, туку историски и културен простор со повеќеслојна реалност.

Токму тука настанува паниката затоа што ова не е изјава од „непријателска страна“, туку од грчка интелектуалка која јавно признава дека официјалниот грчки наратив со децении бил граден врз поедноставувања, стравови и табуа.

Кога таков глас доаѓа „одвнатре“, тој станува поопасен од која било дипломатска нота или меѓународен извештај.

Изјавата на Јоаниду, всушност, само ја потврдува една одамна позната вистина: Македонија не е туѓ проект, ниту историска грешка, туку факт. Факт што преживеал империи, поделби, граници, договори и притисоци.

И токму затоа, колку и да се прекројуваат формулации, таа вистина останува – непријатна за некого, но неизбежна. А вистината, како што знаеме, најмногу боли кога конечно ќе се изговори гласно.

Додека грчки академици, без дипломатски калкулации и без потреба да му се додворуваат на никого, отворено признаваат дека Македонија не е и не може да биде ничија сопственост, некои домашни политички елити платени од СДС упорно нè убедуваат дека со Преспанскиот договор „се затвориле сите прашања“. Историјата била расчистена, идентитетот обезбеден, а иднината – европска. Барем на хартија.

Во пракса, Преспа не донесе крај на условувањата, туку отвори нов модел на притисок. Наместо конечност – процес без крај. Наместо јасни правила – комисии. Историски, образовни, мешовити тела и подгрупи што со години заседаваат, а резултатот секогаш е ист: ново „прашање“ што допрва треба да се „усогласи“. Македонија не напредува – таа постојано се дообјаснува.

Европската идеја, барем во македонскиот случај, се сведе на бирократска гимнастика. Наместо Европа на вредности – владеење на правото, демократија и еднаквост – добивме Европа на фусноти.

Фусноти за името, за јазикот, за историјата, за учебниците. Фусноти што не ги чита никој, но ги плаќаат сите. Наместо напредок, ни се бара постојано да докажуваме дека постоиме. Наместо партнерство – условување без рок на траење.

Најапсурдно е што токму тие што најгласно тврдеа дека Преспа ќе биде „последната жртва“, денес најлесно прифаќаат нови отстапки кон Бугарија како „неопходни чекори“.

Европскиот пат веќе не се мери во реформи и резултати, туку во подготвеноста повторно да се преговара за нешта што наводно биле затворени.

Но реалноста е поинаква и многу поедноставна. Идентитетот не се гласа во комисии. Историјата не се брише со протокол. Јазикот не исчезнува со фуснота, ниту државата се поништува со дипломатска формулација.

Колку и да се проверуваат учебници, колку и да се редефинираат поими, Македонија не станува ничија, Македонија останува на Македонците.

Можеби токму затоа изјавите како оние на Александра и покрај сите договори, притисоци и „европски патокази“, постојат вистини што не можат да се стават во заграда.

А цената на иднината, колку и да ни ја повторуваат како мантра, не може вечно да се плаќа со сопственото достоинство.

Европа што вреди не бара одрекување, туку почит. Сѐ друго е само долг пат во место – со многу комисии, многу фусноти и премалку Европа.

МН

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top