На прво место

Православните христијани го слават Бадник

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашниот кум Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“, ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп.

Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесе минатогодишниот кум-бадникар Јовица Угриновски.

Здравицата за здравје, среќа и успех ќе ја каже Владимир Ангеловски-Дади, актер во Драмскиот театар во Скопје, а на сограѓаните ќе им се обрати градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Бадникарските среќавања пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе започнат со подигањето на Бадникарското знаме и изведување на химната. Ќе следи осветување на бадниковите гранчиња, чајот, нафората и греаната ракија од свештенослужители од храмот, по што ќе започне нивно бесплатно делење.

Традиционално, делегација на Одборот заедно со овогодинешниот кум Мукаетов ќе го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, каде тој ќе врачи пригодни подароци. На манифестацијата ќе настапат естрадни уметници, кои ќе изведат пригодна програма.

Средбата завршува со чинот на примопредавање на ќупот и кршењето на погачата со златна паричка, што се смета дека ќе му донесе среќа во текот на годината на тој што ќе ја добие. Со пајтонот, симболот на старо Скопје, новиот кум бадникар заедно со ќупот и семејството ќе замине од пред платото на Соборниот храм.

Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

Ноќта пред Бадник во скопските маала и во другите населени места во Македонија се одржаа народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутринава Рождеството Христово го најавуваат децата коледарчиња кои одат по домовите и пеат коледарски песни.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top