На прво место Дијаспора

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Македонска Нација

Македонска Нација

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот.
По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа панел-дискусијата „8 Септември низ призмата на неговите непосредни учесници и сведоци“.
Слушнавме бројни лични сведоштва и потсетувања на сопствениот придонес, но речиси ништо за Македонците од дијаспората, кои со децении ја одржуваа жива идејата за самостојна и суверена Република Македонија.
Добро е што учесниците добија можност да зборуваат за историските денови во кои македонскиот народ се избори за своја држава. Нивните сведоштва се драгоцени и треба да останат дел од националната меморија. Сепак, во дискусијата недостасуваше едно големо и исклучително важно поглавје – македонската дијаспора.

Се слушнаа лични пофалби, спомени и политички толкувања, но речиси целосно изостана признанието за луѓето кои, далеку од татковината, со децении се бореа за нејзината слобода. Ова не го кажувам за да оспорам нечија заслуга, туку затоа што вистината за 8 Септември мора да биде целосна.

На панелот не беше спомнато Движењето за ослободување и обединување на Македонија – ДООМ, ниту неговиот претседател Драган Богдановски.

ДООМ не беше маргинална иселеничка организација, туку организирано македонско национално движење со членови и приврзаници низ Европа, САД, Канада и Австралија. Преку весници, прогласи, политички платформи и јавни настапи, неговите дејци ја одржуваа жива идејата за самостојна и обединета Македонија.

Идејата за формирање на ВМРО-ДПМНЕ потекна токму од македонската дијаспора и од ДООМ, предводен од Драган Богдановски. Да не беше тогаш создадена партијата која јасно и недвосмислено се залагаше за независна и суверена Република Македонија, длабоко сум уверен дека денес немаше да прославуваме 35 години самостојна македонска држава.

Затоа, на панел дискусијата посветен на непосредните учесници и сведоци мораше да се слушне и гласот на дијаспората – гласот на оние што дејствуваа од Мелбурн, Сиднеј, Берлин, Минхен, Копенхаген, Гетеборг, Торонто, Детроит и од многу други центри на македонското иселеништво.

Без нив, приказната за 8 Септември 1991 година останува нецелосна.

Независноста не е дело на еден човек, една организација, една партија или една генерација. Таа е плод на вековната борба на македонскиот народ, на жртвите на илјадници борци, на одлуката на граѓаните на референдумот и на неуморната работа на Македонците низ светот.

Не сите политички чинители кои учествуваа на панел-дискусијата со еднаква решителност ја поддржуваа идејата за самостојна македонска држава. И тоа е дел од историската вистина што не треба да се премолчува. Секоја заслуга заслужува почит, но ничиј придонес не треба да се истакнува со премолчување на туѓата жртва.

Без ДООМ и дијаспората немаше да постои истата политичка и национална основа врз која се изгради барањето за самостојна Република Македонија. Без нивниот придонес денес можеби ќе одбележувавме некој друг настан, но прашање е дали ќе прославувавме 35 години независна македонска држава.

Не бараме да бидат избришани туѓите заслуги. Бараме да не бидат заборавени заслугите на дијаспората и македонските иселеници да го добијат местото што заслужено им припаѓа во историјата на македонската независност.

Историјата не треба да ја пишуваат само најгласните, туку фактите, сведоштвата и жртвите на сите што ја создавале. Прославата на 8 Септември не смее да биде натпревар во лични заслуги, туку благодарност кон сите што се бореа за Македонија – и во татковината и надвор од неа.

Нека им биде вечна благодарноста на сите познати и непознати македонски родољуби кои веруваа во самостојна Македонија и го посветија својот живот на тој свет идеал во Македонија и во дијаспората.

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!

Вечна да е Македонија!

АМИН!

Најново од: На прво место Дијаспора

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

To top