На прво место

Нападната екипа на интернет порталот „Курир“

kurir_1-1

kurir_1-1

При извршување на своите професионални задачи вечерва пред Владата на Република Македонија била нападната  екипата на интернет порталот „Курир“.

Триесетина таканаречени подржувачи на А1 телевизија, како што објави „Курир“, ја нападнале нивната екипа при што прво им била одземена камерата, а откако биле извадени и искршени мемориските картички, камерата била вратена, но со погрдни зборови било спречено понатамошно извршување на професионалните обврски.

За овој инцидент, објави редакцијата на „Курир“, веќе била известена полицијата, Здружението на новинарите, како и  колегите од останатите медиуми, вклучително и главниот и одговорен уредник на А1 телевизија, Младен Чадиковски.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, како што е објавено на порталот, за овој немил настан во текот на утрешниот ден ќе излезе со соодветна реакција.

Најново од: На прво место

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

To top