На прво место

Орден „8 Септември“ за Никола Кљусев

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyПретседателот Ѓорге Иванов денеска постхумно му додели орден 8 Септември на академик Никола Кљусев, премиер на првата демократски избрана Влада на независна Република Македонија од 1991 до 1992 година.

Орденот му е доделен за придонесот во трасирањето на патот  на самостојната македонска држава, реализирајќи ја волјата на македонските граѓани  непосредно изразена на референдумот за независност на 8 септември. Доделувањето на орденот се совпаѓа со одбележувањето 20 години од изборот на првата експертска влада на РМ.

– Остварувањето на државноста не беше лесен процес. Тој бараше храброст, волја и решителност. Благодарение на лидерството на Никола Кљусев се поставија темелите  и столбовите на независна Македонија. Се создаде македонска национална валута, македонска полиција, македонска армија. Во премрежните мигови, кога низ бившата југословенска федерација се разгоруваше воен конфликт, Македонија успеа да ја оствари својата независност и територијална сувереност издејствувајќи мирољубиво повлекување на тогашната југословенска армија, нешто што не беше случај во другите републики, рече претседателот Иванов во говорот по повод одликувањето на Кљусев.

Тој истакна дека Орденот 8 Септември е можност да се заблагодариме на една од најзначајните личности од поновата македонска историја, за сиот негов придонес во градењето и афирмирањето на Република Македонија како демократска, суверена и независна држава.

– Она за што Никола Кљусев го посвети својот живот, веќе 20 години е реалност. Но, нашиот пат не застанува тука. Она што го започнаа Никола Кљусев и плејадата негови современици, мора да биде достојно продолжено. На нашите граѓани мораме да им обезбедиме просперитет и напредок. Иднината на Македонија е во целосната интеграција во евроатлантските структури, што ќе го гарантира нашиот просперитет и ќе го забрза економскиот развој. И покрај блокадите и непринципиелните опструкции на тој пат, ве уверувам дека ќе истраеме и ќе ја оствариме целта, додаде шефот на државата, кој во присуство на голем број гости, членови на тогашната и актуелната Влада и на семејството на Никола Кљусев, високото одликување му го врачи на неговиот син Људмил Кљусев.

Тој се заблагодари за наградата и рече дека го радува фактот што се продолжува делото на неговиот татко  и се оди по патот што тој го зацртал.  Се присети на првите години кога, како што рече, се градел костурот на македонското државно уредување. Обраќајќи им се на присутните министри од преодната Влада, истакна дека тие како членови на реформаторската Влада ја направиле македонската Перестројка.

m

– Вие го донесовте македонскиот Устав, вие ги покажавте македонските пари, вие излеговте надвор на 8 Септември во Скопје, се разбира со него, ја пеевте македонската химна, го отворивте шампанското. Во деновите на тогашна Македонија, кога над нас стоеше федералната влада на тогашна Југославија, не му беше лесно на Кљусев да и каже не и збогум на армијата. Тој, заедно со неговиот сограѓанин и другар од детството, министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков, влетаа во касарните на тогашна ЈНА, ја одзедоа документацијата и ги повикаа македонските синови да се борат за Македонија. За тоа требаат храбри мажи…, рече Људмил Кљусев, кој зборуваше и за ангажманот на неговиот татко како министер за одбрана и за неговите заложби на економски план.

– Јас се надевам, како што неодамна на конгресот во Битола говореше премиерот, дека вие ќе го продолжите тој пат, а вие тоа и го правите, додаде Људмил Кљусев.

klusev

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top