На прво место

Постигнат извесен напредок на лидерската средба

Liderska-sredba-509

Liderska-sredba-509Постигнат е извесен напредок во врска со барањата на опозицијата за одржување на предвремените парламентарни избори, оценија по шестчасовната средба лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Нова Демократија, Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Имер Селмани. Уште една лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов е закажана за вторник попладне.

Постигната е согласност за Изборниот законик односно во избирачките одбори да има четворица партиски членови, рокот за контрола на Избирачкиот список да биде 30 дена од формирањето на Комисијата во Собранието и да се редефинираат границите на шестата изборна едници поради поголем број гласачи од законски дозволеното.

– Со цел да му ги одземеме и последните алиби на лидерот на СДСМ Црвенковски, зад кои се задскирваше донесовме одлука да прифатиме работи кои тој ги бара, а за кои имаме сериозни аргументи против, прифативме дополнителни работи, изјави Груевски.

Тој информираше дека на средбата фокусот бил на четирите барања на СДСМ и оти две од нив условно прифатиле.

– Прифативме две барања условно, што значи доколку не оди на избори нема да ги прифатиме и тие, затоа што имаме сериозни аргументи против. А тоа се барањето на СДСМ изборните одбори да имаат од вкупно пет, четири партиски членови, и да добијат триесет дена рок за контрола на пречистениот Избирачки список, рече Груевски. Она што, како што рече, не можат да го прифатат односно или е нелогично или не е во нивна надлежност се деблокирање на сметката на А1 и закон за медиуми. – Но и тука укажавме дека по изборите сме расположени да отвориме поширока јавна дебата во која ќе се вклучат и медиумите бидејќи тие ќе бидат предмет на законот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. За Црвенковски, како што рече Груевски, ова не било прифатливо.

И покрај тоа што се условно се прифатени барањата на СДСМ за избирачките одбори и за избирачкиот список, на директно прашање на Груевски, лидерот на опозицијата рекол дека не е постигнат договор.

– Повторно не се прифаќаат и се заклучува од негова страна дека немаме договор, и дека не се враќа во Парламент, а доколку одиме на избори дека ќе ги бојкотира изборите. Очигледно е дека Црвенковски прави се што може за да не се случат избори, или ако се случат да ги бојкотира. Но со условните прифаќања му ги сузбиваме сите алибија и излегува на површина многу појасно, и за оние на кои не им било можеби до крај јасно, неговата намера да бојкотира избори и да не се враќа во Парламентот, изјави Груевски.

Црвенковски, според него, побарал уште една средба која е прифатена.

Лидерот на СДСМ Црвенковски рече дека иако е направен одреден напредок, доколку не се исполнат сите нивни барања тие нема да се вратат во Парламентот и оти останува отворена можноста за бојкот на евентуалните предвремени избори.

Потврди дека е постигнат напредок за прашања поврзани со Изборниот законик, односно за избирачките одбори и рече дека СДСМ се откажала од барањето за загарантирани квоти за помалите етнички заедници.

– Постигната е и согласност за ревидирање на границите на шестата изборна единица, на барање на Селмани, поради поголемиот број ибирачи од законски дозволениот, како и за контрола на Избирачкиот список, рече лидерот на опозицијата. Контролата, изјави Црвенковски, треба да се направи за триесет дена откако СДСМ ќе се врати во Собранието.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети средбата ја оцени како продуктивна и конструктивна. – Има доближување на позициите меѓу страните и затоа претседателот свика продолжение на средбата за вторник. Никој не може да го прејудицира текот на разговорите, но се надеваме дека оваа позитивна атмосфера ќе продолжи, изјави по средбата Ахмети.

За Имер Селмани од Нова Демократија барањата што ги поставил се во насока да се направи добар закон за фер и демократски избори.

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top