На прво место

Анкета на Институт „Павел Шатев

SDSM.vs_DPMNE.2jpg-1

SDSM.vs_DPMNE.2jpg-1Највисок рејтинг во моментов има владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а од политичарите, граѓаните најголема поддршка му даваат на премиерот и лидер на таа партија Никола Груевски, посочуваат резултатите од телефонската анкета што во почетокот на април на 2.000 испитаници ја спроведе Институтот „Павел Шатев“.

На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 23,2 проценти од испитаниците, за СДСМ 13,2, за ДУИ 7,1, за ДПА 3,7, за НД 1,6, за Национална демократска преродба 1,4 и за ЛДП 1,2 проценти. Вкупно 24,4 рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, а 21,1 отсто немале одговор.

Запрашани во кој политичар имаат најголема доверба за премиерот Никола Груевски се определиле 24 отсто анкетирани, за Бранко Црвенковски 9,3, за Али Ахмети 6,5, за Мендух Тачи 3,4 и за Имер Селмани и Руфи Османи по 1,8 отсто испитаници. За ниту еден се изјасниле 37,7 проценти, а без одговор се 7,4 проценти.

Во однос на тоа која партија би сакале да победи на следните парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 25,5 проценти од анкетираните. Следат СДСМ со 14,3, ДУИ со 6,3, ДПА со 3,5, НД со 1,6 и НДП со 1,4 отсто. Немале одговор 23,4 отсто испитаници, а “ниту една“ рекле 16,6 отсто.

Резултатите од анкетата, која има за цел да се измери поддршката на граѓаните на политичките партии во Република Македонија, но и на политичарите, според Инстутутот, не покажуваат поголеми промени во рејтинзите на партиите како и кај поддршката на релевантните политички лидери во Македонија.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top