На прво место

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи.

На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 до 16 октомври 2026 година.

Делегацијата ја предводеше пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав беа пратениците Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Зоранчо Јованчев, Илир Хасани, Јован Јаулески, Катерина Димитровска, Малиша Станковиќ, Мартин Стојановски, Моника Зајкова, Петар Марков, Славјанка Петровска и Тони Јаревски.

Програмата започна со средба со претставници на Кнесетот, на која беше истакната континуираната билатерална соработка меѓу Македонија и Израел. Се разговараше за зголемување на трговската размена и за продлабочување на соработката во здравството, земјоделството, безбедноста, претприемништвото, културата и туризмот.

Пратениците го посетија и Врховниот суд на Израел, каде што поблиску се запознаа со неговата работа.

Во рамките на посетата на Клиничката болница „Хадаса“ и на „Хадасит“ – Иновацискиот центар за медицина, делегацијата се запозна со работата на медицинскиот центар и со моделот што овозможува развој на иновативни медицински помагала и техники.

Во Светскиот центар за сеќавање на Холокаустот „Јад Вашем“, делегацијата учествуваше во церемонија на полагање венец, оддавајќи им почит на жртвите на Холокаустот. Венци беа положени и на гробовите на Теодор Херцл, Јицак Рабин и Шимон Перес.

Македонските пратеници остварија средба и со ерусалимскиот патријарх Теофилос. Во име на делегацијата, пратеникот Петар Марков се заблагодари за приемот, а патријархот ја истакна важноста на религијата во разрешувањето на етничките конфликти.

Во Тел Авив, делегацијата го посети Центарот „Перес“ за мир и иновации, каде што беа претставени технолошки иновации од различни области. Во Медицинскиот центар „Волфсон“ во Холон, пратениците се запознаа со работата на одделот за трауматологија и со пристапот во згрижувањето на пациентите.

Програмата опфати и запознавање со работата на Израелската управа за противпожарна заштита и спасување, како и посета на постројка на „Мекорот“ за третман на вода и десалинизација.

Престојот во Израел заврши со посета на Институтот за студии за национална безбедност.

Преземено и уредено од соопштение на Собранието на Република Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, порача Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава: „Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле […]

To top