На прво место

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција

Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура.

Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен превоз, чиста животна средина и квалитетни услуги за сите граѓани.

Во изминатиот период се преземени активности за намалување на финансиските обврски на Градот и јавните претпријатија, со цел да се создадат услови за нови инвестиции и поодговорно управување со јавните средства.

Се интензивираат работите на значајни инфраструктурни проекти. Булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода и клучката кај Момин Поток влегуваат во завршна фаза, а забрзано се работи и на ставање во функција на булеварот „Македонија“ и првата подземна сообраќајница во Скопје. Воедно, се прошируваат и се приспособуваат пристапните улици кон подземната сообраќајница за очекуваниот зголемен интензитет на сообраќајот.

Со новиот мост во Карпош ќе се поврзат улиците „Љубљанска“ и „Скупи“. Паралелно продолжуваат активностите за расчистување на трасата на булеварот „АСНОМ“ и ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, како и реконструкцијата на повеќе улици во различни делови од градот.

Во изминатата година посебно внимание им беше посветено на пешаците и велосипедистите. Уредени се пешачки и велосипедски патеки долж градските улици и булевари, на кејот на Вардар и покрај реката Серава. За поголема безбедност и ослободување на јавниот простор се поставени околу 2.000 столпчиња.

Овие проекти имаат за цел подобро поврзување на скопските населби, намалување на сообраќајниот метеж и побезбедно движење на возачите, пешаците и велосипедистите. Истовремено, се подготвува изградба на монтажни катни гаражи кај Клиничкиот центар, со кои ќе се подобрат условите за паркирање на пациентите, медицинскиот персонал и студентите.

Подобрувањето на јавниот превоз останува еден од приоритетите. Се преземаат активности за реализација на проектот за брз автобуски превоз, со најавени решенија за зачувување на постојното зеленило и дополнително озеленување на сообраќајните коридори.

По една деценија, Скопје конечно ќе добие 100 нови еколошки автобуси, кои ќе придонесат за обновување на возниот парк и поквалитетна услуга за патниците. Јавната набавка е завршена и следува испораката на возилата, кои веднаш ќе бидат вклучени во јавниот превоз.

Градскиот воз на релацијата Зелениково – Скопје нуди дополнителна можност за полесно патување и заштеда за граѓаните, а придонесува и за намалување на загадувањето. Значаен чекор за заштита на животната средина е и изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Трубарево, која треба да придонесе за заштита на реката Вардар и подобрување на еколошките услови.

Жителите на Нерези, Бел Камен и Горно Лисиче добија нова водоводна мрежа. По неколку години негрижа и пропаѓање, темелно се обновува популарната подна фонтана на плоштадот „Македонија“, а повторно се ставени во функција и сите фонтани во градот.

За подобрување на јавната хигиена се набавуваат комунална механизација и нови контејнери и се засилуваат активностите за чистење на јавните површини. Се спроведуваат и дополнителни инспекциски контроли за спречување на создавањето диви депонии и санкционирање на загадувачите.

Паралелно се работи на санација на просторот на „Вардариште“, каде што е планиран нов мегапарк на површина од околу 600.000 квадратни метри. Нови паркови ќе се градат и на запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел, покрај реката Вардар во Сарај, во Ново Лисиче во непосредна близина на последната станица на автобуската линија број 5, како и на кејот на Вардар во Карпош.

Новите паркови, зелените коридори и дополнителните насади со дрвја треба да придонесат за подобар квалитет на воздухот и повеќе уредени јавни простори за рекреација.

Инвестициите во иднината на Скопје подразбираат и подобри услови за учениците, младите и културните работници. Во средните училишта се унапредуваат кабинетите и лабораториите, се набавува современа наставна опрема и се подобруваат условите за спорт и практична настава.

Дополнително се обновуваат спортски терени и комплекси и се создаваат простори за младински активности, едукација и креативен развој. Во областа на културата продолжуваат подготовките за програмата „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, со цел поголема афирмација на градот и неговото културно наследство.

Преку дигитализација и модернизација на административните процеси, Градот работи на поедноставување на услугите за граѓаните, подобар пристап до информации и поефикасно управување со ресурсите. Електронските услуги и платформите преку кои граѓаните можат да пријавуваат проблеми треба да овозможат поголема достапност и полесна комуникација со институциите.

Локалната власт во Скопје, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, останува посветена на политиките што носат развој, инвестиции и подобри услови за живот, затоа што Скопје заслужува повеќе. Со труд, работа, инвестиции и конкретни резултати, ВМРО-ДПМНЕ гради подобра иднина за сите скопјани.

Најново од: На прво место

35 години од првиот Устав на независна Македонија

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за […]

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

To top