На прво место

Спортската сала во Куманово ке биде именувана по Драган Богдановски

1_10-001

1_10-001По една и пол година изградба, денеска беше пуштена во употреба спортската сала во средното училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, за која Владата инвестираше околу 650.000 евра. Таа е дел од проектот „145 училишни спортски сали“ кој го спроведува Министерството за образование и наука.

Салата ќе ја користат 768-те ученици, но и спортисти од клубови кои активно тренираат. Изградена е по современи стандарди за енергетска ефикасност, има трибина со 400 седишта, реквизити за различни видови спортови,  како и гардероби, туш-кабини, санитарни јазли и простории за опремата.

– Отсега средношколците и спортистите ќе имаат нормално и модерно место каде да тренираат и да се реакреираат. Нема повеќе импровизација, нема повеќе малтретирање на учениците на часовите по физичко образование. Училиштето има нова спортска сала, со најсовремена спортска опрема, оспособена за повеќе видови спортови, истакна премиерот Никола Груревски, кој свечено го отвори новиот објект во кумановската населба Долно Којнаре.

1_10

Салата засега нема име, но Груевски навести дека можеби ќе биде именувана по Драган Богдановски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ кој потекнува од кумановскиот крај.

Тој  истакна дека намерата на Владата е Куманово да стане познат спортски центар и затоа, рече тој, во регионот две сали се веќе изградени (во СОУ „Киро Бурназ“ и салата „Панко Брашнаров“), а уште три се во план (во средното „Перо Наков“ и во основните училишта „Јероним Де Рада“ во село Черкезе и „Св Кирил и Методиј“ во село Романовце). Салата во средното „Гоце Делчев“ е доопремена со спортски реквизити, а планирани се и две тениски и неколку мултифункционални игралишта.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top