На прво место

Основачите на ВМРО-ДПМНЕ со отворено писмо по повод коалицијата Црвенковски – Георгиевски

17.06.1990_osnivacko_sobranie_na_vmro-dpmne-_3

17.06.1990_osnivacko_sobranie_na_vmro-dpmne-_3ВМРО-ДПМНЕ денеска упати отворено писмо од оснивачи на партијата по повод коалицијата на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

Во писмото се наведува:

„Како луѓе кои целиот живот го посветија на идеите за ВМРО и Македонија, но и како чесни граѓани, како родители, како патриоти кој ја сакаат државата и кои не го носат товарот на дневната политика и со искрена желба да биде слушнат нашиот збор како оснивачи на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да истакнеме дека здружувањето на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски е настан кој овозможува прочистување, разјаснување на многу недоумици кој нашиот народ и ние како основачи ги имавме низ годините.

Викаат дека човек пријателот сам го одбира, тој е огледало на сопствените размисли, особини и светогледи. Двајца луѓе се пријатели затоа што си одговараат во карактерите, така е и со Љубчо и Бранко. Овие пријатели, едниот со товарот на транзицијата, приватизацијата, шверцот и криминалот, а другиот со погрешна перцепција за историјата и постоење на сопствениот народ и држава, со нивнатa љубов за власта и парите, се едно исто-пријатели во коалиција за власт и пари.

Но, ова нивно официјално спојување е неповторлива можност да се добие јасна слика за многу работи.

Прво, со нивното здружување секој вмровец треба  да се замисли зошто Љубчо ја рушеше владата на Никола Кљусев? Зошто Љубчо Георгиевски не формираше коалиција со албанска партија и со тоа не се формираше стабилна влада? Зошто Љубчо на тацна му го подари управувањето со државата на Бранко Црвенковски, иако народот не одлучи така на избори?

Второ, зошто во 1994 година Љубчо бојкотираше и не влезе во парламентот и ги остави СДСМ да ја реализираат мрачната приватизација, шверцот и разграбувањето на Македонија? Зошто Љубчо го бранеше криминалот на Бранко во деведесеттите?

Трето, зошто 15 години ВМРО-ДПМНЕ беше марионета со која СДСМ мошне лесно се справуваше?

Четврто, зошто Георгиевски прифати да биде потпретседател на Претседателот Глигоров, прифакајќи измислена функција наменета да ја канализира патриотската енергија која пулсираше во Македонија, истата онаа која според кажувањата на сите во тоа време му донесе изненадувачка висока поддршка на ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто дозволи  патриотизмот да се изгнаси со криминалот на Бранко?

Петто, зошто Љубчо толку лесно и без поголем личен отпор се согласи со Бранко за промената на знамето, името, Уставот?

17.06.1990_osnivacko_sobranie_na_vmro-dpmne-_7

Ова се прашања кои си ги поставува секој кој сега ги гледа Бранко и Љубчо на иста маса, рамо до рамо. Одговорот е дека сето ова се случуваше затоа што Бранко Црвенковски навистина соработувал во деведесеттите со Љубчо Георгиевски, затоа што тие се лицето и опачината на една иста спаричка. Затоа што простите факти го кажуваа тоа.

Како инаку ќе се образложат сите погубни потези на Љубчо во 90-те.

Овие парашања ние упорно си ги поставувавме дваесет години. Љубчо најде одговор велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ имало многу шпиони тогаш, Ние велиме ВМРО-ДПМНЕ немал проблем со шпиони, имал проблем со ситни души и наострени профитери. Сега знаеме што е проблемот и кој е одговорот.

Двајцата соработувале со единствена цел -бизнис интереси кои се штитеа единствено преку одржување на СДСМ на добри позиции. Тоа на Бранко му ја купуваше власта, а на Љубчо му обезбедуваше пари.

На крај, ги повикуваме сите луѓе на кои им значат светите букви ВМРО и просперитетот на Македонија да се обединат околу идејата за спротивставување на политичарите на кои важен им е единствено личниот интерес. Ги повикуваме сите граѓани да застанат зад браникот на нашата Татковина единстевени, сплотени, исправени, затоа што тие најдобро го препознаваат доброто и лошото, ја знаат празната демагогија на политичарите како Љубчо и Бранко. Не ги забораваат нивните дела-недела.

Ние цврсто веруваме дека така сплотени и исправени ќе кажеме “НЕ ДОСТА Е, местото ви е во историјата, таа ќе ви пресуди“.

Никој нема право да си игра со нашите чувства, нашето минато и нашата иднина. Ги повикуваме да се збијат редовите и на следните избори отсечно и директно да им кажеме Не, затоа што следните избори ќе бидат референдум за тоа каква Македонија сакаме, ќе бидат референдум За или Против Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, За или против на нивните нечесни, мрачни и подземни игри, сплетки и удари кои што ги нанесоа на Македонија и на граѓаните на Македонија!“, се наведува во писмото потпишано од Борис Змјековски , Владо Транталовски, Мане Јаковлески, Васил Наумов и Дијана Таранталовска.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top