На прво место

Среќен 23-ти Октомври браќа и сестри Македонци!!!

iskrata-rodi-sonce-600

iskrata-rodi-sonce-600

СРЕЌЕН 23ти ОКТОМВРИ БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ !!!!

ВЕЧНОСТ И СЛАВА ЗА АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА !!!

Што славиме на 23 – Октомври?

Ја славиме идејата за автономна Македонија !!!

Ако е ова партиски или политички исцениран ден, ако македонските патриоти и национални ставови се против Македонецот, ако ја избришеме сопствената историја и национален идентитет, во која Македонија ќе веруваме? Или подобро речено во чија Македонија да се колнеме?

**********

23 октомври и ВМРО се преродба во македонското ослободително движење, 23 октомври и ВМРО се завет на македонските револуционери, предвесник, темел на еден период наплатен со животите на многу македонски синови – жртви за слободна и независна Македонија. Темел на Илинденската Република, симбол на непокорноста на македонскиот народ, визија за македонската автономија.

Токму 23 октомври беше денот кога почна се’, денот кога првпат во македонската историја се создаде организација што го поведе народот во организирана борба за идејата за македонска држава.

Тој датум беше денот кога се поставија темелите на идната македонска државност, почеток на каузата за самостојна и независна Македонија.

Знаете ли за подостоен празник за Македонците кој би го славеле?

Овој ден се слави љубовта кон Македонија, која е поголема од љубовта кон соспствениот живот, кога се станува саможртва, со верба во Господ, ден оставен како аманет на нашиот пат, ден во кој се испишува вечната страница на Македонизмот.

**********

Иван Хаџи Николов (1861, Кукуш – 1934, Софија), книжар од Солун, на 30 август 1893 година се вратил во Софија од Швајцарија. My било кажано дека е одредено да биде учител во Серес. Тој го одбил тоа, и заминал за Солун каде на 11 септември ја отворил книжарницата.

Една година пред тоа, во јули 1892-та имал средба со Гоце Делчев, на која било договорено создавање на организација внатре во Македонија која ќе се бори за нејзина автономија. Тогаш, Гоце, кој имал само 20 години, му рекол на Хаџи Николов:
„Слушај Николов, помина многу време, нека помине уште една година. За талку јас го завршувам военото училиште и немам намера да останам како офицер во бугарската армија. Ќе се вратам во Македонија. Тогаш ќе дојдам во Солун, ќе зборуваме за тоа прашање, и ако има услови ќе ја основаме Организацијата.“

Една година подоцна, Хаџи Николов бил во Солун, но од Гоце немало абер. Поминал септември, а Гоце уште го нема.
На 21 октомври 1893 година, рашетувајќи се крај морето, ме сретнаа Андон Димитров и Дамјан Груев. Me запреа и меѓу нас го започна следниот разговор:
– А, бе Хаџи, што мислиш ти за ослободувањето на Македонија? – ме запраша Димитров.
– За тоа прашање размислувам уште пред 15 години.

Додека во Македонија не дојде до втор Батак (востание во Бугарија од април 1876 г. против Турците, н.з.) Македонија нема да се ослободи.

А, да дојде до востание, треба да се основа револуционерна организација.
– Па, ајде тогаш ние тројцата да основаме таква организација.
– Ние сме малку. Треба да влезат и поавторитетни луѓе.
– Па, на кои сметаш?
– На пример, Д. Кондов, К. Самарџиев и други…
– Витосај ги ти нив – ми одврати Даме Груев.
– Тие не се за такви работи.
Тие знаат да се плеткаат само во такви работи, каде се касата на Егзархијата и други дотации.
– Кои други ги имаш предвид? – рече Димитров.

– Имам предвид, ама не знам дали ќе се согласат да влезат во Организацијата.
На пример, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, и Христо Батанџиев.
– Па, убаво, тие тројцата и ние тројцата веќе стануваме шестмина, да размениме мислења заедно.
– Добро, одговорив јас и определив место и време за заедничка средба на нас шестмината.

Во договореното време на 23 октомври 1893 година, во петокот навечер, сите шестмина се собравме во живеалиштето на Батанџиев, раскажувал Хаџи Николов.

**********

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). – Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

На овој ден било разгледувано прашањето околу дејствувањето и работењето и идејната поставеност на новата македонска организација. Било одлучено организацијата да дејствува револуционерно и сите активности да ги спроведува строго конспиративно.

Дејствувањето да се извршува исклучиво на територијата на Македонија во нејзините природни етнички и историски граници и во неа да членуваат лица родени или исклучиво кои живеат во Македонија, без да се гледа верската и националната припадност. Дискусиите се одвивале во правец на автономија на Македонија со цел да се искористи чл. 23 од Берлинскиот договор.

ВМРО била формирана, една година подоцна се приклучил и Гоце Делчев, по што идејата за автономија добива поголема сила, потоа следеле Ѓорче Петров, Христо Матов и другите, по што Организацијата успеала да изгради еден импресивен паралелен систем, безмалку државен, кој функционирал до 1903 година и врвот во нејзиното дејствување, Илинден.

Знаеме ли за друга историја, знаеме ли за друга Македонија? може ли некој да ни го земе националниот идентитет на сите заложби и жртви? Има ли таков и кој е тој?

Да прославиме браќа и сестри македонци, наследници на Македон, наследници на Филип таткото на Александар Македонски, ние сме библиски народ, ние сме божји чеда, ние сме пород на паталци и патриоти, ние сме потомци на револуционери, а Македонија е ветена земја, зeмја на патриоти во свое време, време на интегритет, економска моќ, независност и автономија, време за европска Mакедонија, со сопствена историја и самобитие…

Да ни е честит празникот !

„Македонска нација“

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top