На прво место

Велигденски завет на Македонците од Берлин

berlin1_1-001

berlin1_1-001Повеќе стотини Македонци од германската престолнина Велигден го прославија во малата црквичка „Св. Богородица“, со решеност: потребен им е и ќе го изградат и планираниот храм на патронот „Св. Климент Охридски“.

И синоќа православните Македонци од Берлин и околината, исто како и лани, Воскресението Христово, го прославија во малата црквичка „Св. Богородица“, лоцирана на местото кое пред неколку години беше купено за изградба на божји храм на патронот на православната општина „Св. Климент Охридски“. На Велигденската полноќна литургија стасаа многумина, за разлика од другите празнични денови и  обичните недели кога посетеноста е мала. Со запалените свеќи, според обичајот, трипати ја обиколија црквичката. Задоволни што повеќе не се во изнајмен божји храм и цврсто решени да ја изградат црквата „Св. Климент Охридски, која одамна е нивна определба и план.berlin1_1
„Црквата ќе се прави зашто е потребна. Има се’ повеќе Македонци, од старите и новите генерации, но и новодојдени на кои секако дека верата и местото каде ќе ја практикуваат им се важни“, е категоричен Блаже. И Слободанка се согласува дека на луѓето црквата им’ е потребна, но според неа треба да се биде и реален и да се води сметка за финансиската моќ на оние кои тука живеат. „Малата

Собиралиште на православните Македонци е малата црква „Св. Богородица“. црквичка е мала за празниците, но доволна за делниците. Но, ако се гради нова би требало да има поголем, дополнителен простор во кој би можеле да се собираме, да контактираме, да го сочуваме македонското, православното и традицијата“, дополнува Слободанка.

„Црквата ќе се гради и единствено има нејаснотии околу нејзиниот изглед“, за ДВ кажува и Душко Лазаревски, претседател на црковната православна општина „Св. Климент Охридски“ од Берлин. Тој ќе иницира расчистување на ова прашање на 11 мај, на заседанието на Европската епархија во Гетеборг. Зашто, како вели, секој од Берлин си има свое мислење каква и колкава црква треба, како архитектонски да се реши, како треба да изгледа, па ќе биде добро во донесувањето на одлуката и разрешувањето на дилемите да помогнат и надлежните од МПЦ. Но, ќе мора едновремено да се води сметка и за нејзино вклопување во просторот, а сепак да бидат задржани карактеристичните обележја.
Во моментов верниците се единствени дека црквата треба да се изгради, но целосно се различни мислењата каков треба да биде новиот објект.

„Треба поголема господова куќа! Тука сме 2000 Македонци.

И куќа не се гради брзо, а камо ли црква . Ние да ја почнеме градбата, па ако треба наредните генерации нека ја доправаат. Но, важно е да почнеме… Нема да е лошо доколку има и простории за клуб, за децата, наше катче“, смета Петруна, додека Аце е категоричен: „нормална, ни треба нормална црква. Господава куќа. Друга работа е дали може финансиски да се започне и заврши. Но, ако се има пари може се’ да се направи“…..

berlin1_2 Свештеникот Огнен Атанасовски моментно е задолжен за црковните служби.
Превземено од DW

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top