На прво место

В понеделник конечната одлука за визната либерализација, без визи и во Грција и Бугарија

vizna-liberalizacija

vizna-liberalizacija(МИА) – Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ состанок в понеделник во Брисел треба да ја донесат конечната одлуката за симнување на шенгенската бариера за Македонија, Црна Гора и Србија од 19 декември годинава.

Одлуката со која трите земји се префрлаат од „црната“ на „белата“ Шенген листа се носи со квалификувано мнозинство, односно треба да ја поддржат две третини од земјите членки на ЕУ, а ќе биде официјално соопштена на прес-конференција во Брисел. Во текстот на одлуката, како што информираа деенска претставници на ЕУ во Македонија, ќе се наведе и оти од 19 декември без визи ќе може да патуваат само лицата кои поседуваат биометриски патни исправи. За граѓаните кои поседуваат стари патни исправи ќе важат условите за олеснет визен режим и тие ќе треба да приложат важечка шенген виза.

Визната либерализација на Македонците ќе им овозможи да патуваат во 25 од 27 земји членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Ирска, и во уште три европски земји – Норвешка, Швајцарија и Исланд. Укинувањето на визите се однесува и на Грција, но бидејќи Атина не ги признава македонските патни исправи, на влезот во земјата на патниците ќе им бидат издаван лист со печат од царинските власти кој треба да се приложи при излезот од државата. Визи нема да бидат потребни ниту за патувања во Бугарија и Романија, кои се уште не ги исполниле условите за влез во Шенгенот, но ги спроведуваат одлуките на ЕУ.

Безвизниот режим, сепак подвлекуваат, не значи можност за неограничен престој или работа во земјите од ЕУ.

– Прашањето на визната либерализација е прашање на доверба на ЕУ кон Македонија и македонските граѓани, посочуваат претставниците на ЕУ.

Македонските  државјани ќе бидат ослободени од визата од типот „Ц“ која се однесува на кус престој, главно за посета на пријатели, роднини или за туристички патувања во државите вклучени во шенгенскиот систем најмногу до 90 дена во рок од шест месеци, односно до 180 дена во рок од една година.

За подолг престој  во ЕУ ќе биде потребна виза од типот  „Д“, која се однесува и за студиски и работен престој во Унијата, а се аплицира во амбасадата на земјата-дестинација.

Останува стандардната процедура која се применува за патници  од трети земји, при влез во земја  членка на Шенген, граничниот службеник  да побара образложение за целта на патувањето, местото на престојување и за тоа дали може да го покрие финансиски престојот.  За оние граѓани кои не се во можност да го финансираат својот престој, се препорачува да приложат и гарантно писмо од лицето кај кое ќе престојуваат.

Во случај да бидат вратени, граничниот службеник  е обврзан да му даде писмено образложение за неговата одлука, кое може да се искористи за поднесување жалба до надлежните органи во таа земја.

Со цел информирање на јавноста во земјата за условите под кои се спроведува безвисниот режим, пред стартот на неговата примена ќе бидат доставени лифлети до повеќе здруженија и туристички агенции, а ќе бидат дистрибуирани и преку дневните весници.

Меѓу препораките  до македонските граѓани се да внимаваат при изборот на туристичката агенција, да си обезбедат патничко и здравствено осигурување, за патување со свое возило да поседуваат меѓународна возачка дозвола и зелен картон за возилото. 

Во моментов, според податоците на МВР, издадени се над 480 илјади биометриски пасоши, што  е над 75 проценти од популацијата која патува.

ЕК на 15 јули предложи укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 1 јануари 2010 година, откако експертските извештаи на Комисијата констатираа дека трите земји ги исполниле условите од патоказот за визна либерализација. По иницијатива на Словенија, одлуката за укинување на визите за граѓанитре на трите балкански земји ќе се применува дестина дена порано, односно од 19 декември, годинава. Се оценува и дека олеснетото патување во ЕУ значајно ќе придонесе и кон процесот на евроинтеграција на земјите од Балканот.

Најново од: На прво место

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

Големиот син на Македонскиот народ — Методија Андоновски-Ченто

Методија Андонов-Ченто беше и остана во срцата на македонските патриоти. Ченто – идеалот за слободна Македонија Од архивата на „Македонска нација“ Пишува: Драган Богдановски Во продолжение пренесуваме јазично уредена верзија на текстот на Драган Богдановски, објавен во списанието „Македонска нација“, број 63, на страница 4. Зачувани се основната авторска порака и критичкиот тон, со корекции […]

Ако СДС од четвртото место слави, за првото ќе треба да се прогласи неработна недела

СДС во Брвеница: четврти по гласови, први по „раст“ Да изгубиш четири спрема еден, да завршиш четврти и да соопштиш дека имаш раст — тоа е талент што обичниот гласач тешко може да го разбере. Човекот гледа во резултатите, гледа во телевизорот, па ги брише очилата. Повторно гледа. Бројките исти, растот продолжува. На крајот се […]

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 до 16 октомври 2026 година. Делегацијата ја предводеше […]

To top