На прво место

Света Огнена Марија – Марена, Зубовце

marena-pogaca

marena-pogaca

Празникот во чест на Огнена Марија кај народот наречена Марена се слави по традиција во Гостиварското село, Зубовце.

Празникот Марена се слави секоја година на 30 Јули, а овој ден се смета за најтопол ден во годината.

Овој празник е поврзан со големи горештини и затоа има некои правила на кои населението од Зубовце внимава.

На овој ден не се работи ниту дома ниту во поле затоа што се смета, ако се работи може да избие пожар и да се уништи годишната реколта.

Преданијата кажуваат дека на овој ден пред години жетвата била во полн ек, а зубовчани работеле во поле, им се запалиле копите со слама и затоа овој ден е прогласен за неработен.

Зубовчани и денес доаѓаат во своето родно место. Доаѓаат да се насладуваат на духот и традицијата, да се потсетат на детството, на незаборавните празнувања и веселби, кои се одржувале средсело.

… Домаќините како што е редот, на гостите им приредуваат традиционална трпеза со гравче. А, на песната и орото ќе им нема крај. Зубовчани се горди што ја возобновија оваа вековна традиција.

Во минатото за овој ден, зубовчани со недели се подготвуваа. Ги чистеа, варосуваа и ги уредуваа куќите и дворовите, истото се однесуваше и за заедничките простори, на улиците, сé со цел што поподготвени да ги пречекаат гостите.

Никогаш толку народ како на патрониот празник не се собира во црквата и околу неа, секој сака да присуствува на патронската литургија.

Секоја година река на народ се движи кон црквата Св. Огнена  Марија која се наоѓа на западниот дел на селото, издигната на една височинка, која пркоси на времето и со својата местоположба го привлекува вниманието.

Црквата е изградена пред повеќе од 160 години, од камен и дрво, врз темелите на многу постара црква.

Во 1859 година надалеку познатиот Дичо Зограф, со својата тајфа, ги има насликано  живописот на црквата и 50-тина икони, а се потпишал и на престолната икона на Св.Марија.

Како во минатото така и пред неколку години имаше групно венчавање, на осум брачни пара од селото, со кои чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ со митрополитите Кирил и Горазд и со дваесеттина свештенослужители.
За тој голем празник на зубовчани, Неговото Блаженство г.г. Стефан им изјави :

„Со празникот треба да се живее за истиот да се доживее! Празнувајте, за да ви бидат полни душите со радост! Радоста во Господа и радоста од Господа не може ништо да ги намали или замени. Празнува цело Зубовце, празнува секоја македонска православна душа во него. Со нас празнуваат иселените зубовчани, празнуваат и покојните, празнуваат сите. Нашата христијанска вера е вера на живите и вера на животот.

„Останете во родните места за со вас да останат и нашите светижи и светии. Останете за да останат и верата и Црквата, и народот и државата наша, дотаму до каде што било и до каде што треба да остане наше македонско! Доста ни земаа и разграбуваа. Останавме земја, што самата со себе се граничи и како уште некому да му е малку!? Но, не плашете се од никого! Оваа земја ја завладувале и царства и империи, но никој за постојано не ја освоил и не останал на неа. Ќе ги издржиме и ќе ги надживееме сите посегања и по земјата и по црквата и по сè што е наше“.

Зубовце денес е во ново руво.

Реновирана е црквата Света Огнена Марија, среден е пристапот до црквата, од двете страни на реката која минува низ село, соѕидан е заштитен ѕид од камен и заедно со зелените површини на целиот простор му дава нов лик, обликувани се тротоарите и на нив се поставени бекатон плочки, реконструирана е Зунината чешма, Рафкина чешма и спомен паркот кои се наоѓа средсело.

Со овие зафати Зубовце добива градски белези.

Средсело со донација на Академик Томе Серафимовски кој е роден Зубовчанец, изградена е манастирска црква „Свети Апостол Тома“.

Академик Серафимовски на чинот на осветување изјави:

„Овој храм им го подарувам на луѓето од мојот крај. Во него вечно ќе гори кандилце што ќе го осветлува патот на сите луѓе со добра волја и со добра мисла, да бараат во него утеха и да се спознаваат себеси. Зашто сите си заминуваме, само манастирот и земјата на која од денес ќе се извишува овој божји храм, остануваат да зборуваат за нас и тогаш кога нас повеќе ќе не нема“.

Ќе живее традицијата во Зубовце и во Македонија.

Зубовчанец

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top