На прво место

Трибина на институтот “Павел Шатев” – “Македонија, ЕУ и Името”

tribina-pavel-satev

tribina-pavel-satev
Единствен став за решавањето на прашањето за името, обедивање, а не поделби, зајакнување на внатрешните структури на земјата и успешно спроведување на реформите, е пораката што денеска ја упатија учесниците на трибината „Македонија, ЕУ и името“, што ја организираше на Институтот „Павел Шатев“.

Одлуката на Министерскиот совет на ЕУ за одложување на датумот за почеток на преговорите со Македонија претставува изневерување на универзалните европски вредности…, погазено е достоинството на македонскиот народ, смета професорот Бранислав Саркањац. Тој го цитираше грчкиот аналитичар Панајотис Димитрас, според кого, сега „Грците се таму каде што развиените демократии биле пред Втората светска војна“. – Европа се врати пред Втората светска војна, смета Саркањац.

Настапува период кога треба да бидеме еврореалисти, а не евроскептици, вели професорот Димитар Мирчев. Сега, додадава тој, треба реално и посериозно да се разговара за проблемите со кои Македонија е соочена.

Грчката политика кон Македонија, која е континуирана со години, смета Мирчев, сега станува дел од заедничката безбедносна и надворешна политика на ЕУ.

– Дали процесот за решавање на спорот треба да го вратиме од ОН во Европа и да поставиме прашање дали Унијата ќе прифати посредување не едно разумно ниво… Не е лошо да ги продолжиме билатералните разговори, но тешко може да се очекува поместување на ставовите, смета професорот Мирчев.

Барањата кои сега ги испорачува Грција, според него, доколку внимателно се проверат грчките документи, се базираат на грчката мегалидеја од 1844 година. – Од времето на царот Ото Баварски и премиерот Јоанис Политис, кога е усвоена „мегалиидејата“, потполно се истите барања. Доколку се погледнат трудовите на советниците на Караманлис и на Папандреу…апсолутно истите ставови ги има таму и за јазикот и за историјата, културата, националноста и за националната држава. Тие не се изненадување. Не верувам дека оваа линија може да им се помести, оцени Мирчев.

Тој смета дека она што Македонија треба да го направи е она што Словенците го правеа уште во времето кога имаа слични односи со Италија и Австрија, кога претседателот Милан Кучан повика на зајакнување на внатрешните структури на земјата, на успешно изведување на реформите…

Според Јован Донев, Македонија се соочува со специјална војна, која не е само дипломатска, а спорот што го има земјата е „сериозен конфликт“ што треба да се реши. Запраша зошто евроскептици се нарекуваат оние што сакаат Македонија во ЕУ и во НАТО да влезе под уставното име и побара да не се прават такви поделби, кои сега не се потребни. – Треба сами да се избориме за својата позиција во ЕУ, вели Донев.

Никола Гелевски смета дека „пумпањето“ на македонскиот национализам всушност најефикасно ја ништи македонската држава, а тоа и одговара на Грција. Според него, владејачката партија создавањето непријатели го користи како силен рефлекс за опстанок на власта. Гелевски вели дека за оваа ситуација со проблемот со името се виновни сите политички гарнитури, и оти клучно според него е да се посветиме на внатрешните суштински проблеми и реформи и да се постигне консензус.

МИА

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top