Слава на Бога во висините, мир на земјата и добра волја и љубов меѓу нас Македонците во светот и во татковината!
Македонците знаат да слават и да даруваат и затоа богољубиво и човекољубиво празнувајте, љубете го ближниот свој и Бога Сесоздателот. Бог да ни даде мир и љубов, семакедонско помирување и обединување, повеќе рожби во семејствата, род во полето, повеќе работа и радост, да и’ помогнеме на нашата света мајка Македонија, каде и да сме во светот!
Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени!
Да бидеме единствени и обединети во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата! Да бидеме единствени и обединети во одбраната на името, достоинството и статусот на Црквата Македонска! Да се обединиме ние Македонците христијани и муслимани со вера љубов и надеж за братство, за татковината!
Среќна Василица! Среќна и бериќетна Македонска Нова Година!
Амин за нас и за вечна Македонија!
Светски Македонски Конгрес
Македонска нација