На прво место

Ѓорѓиевски за Jerusalem Post: Сакам Скопје да биде попаметен, почист и поорганизиран град

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од Израел порача дека Скопје мора да стане модерен, функционален и безбеден град, со подобра координација на институциите, почисти улици, подобар јавен превоз, повеќе зеленило и конкретни решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Jerusalem Post порача дека главниот град на Македонија мора да стане попаметен, почист, поорганизиран и подобро подготвен за справување со кризни ситуации.

Ѓорѓиевски, кој престојува во Израел по повод конференцијата MUNI EXPO 2026, истакна дека целта на посетата е да се видат конкретни решенија и успешни практики кои можат да се применат во Скопје и да го подобрат животот на граѓаните.

Тој нагласи дека во Израел дошол со намера да учи од искуствата на локалните власти, стекнати во реални и сложени околности. Според него, посебен интерес претставуваат подобрата координација меѓу институциите, управувањето со кризи, паметните технологии, сообраќајот, јавната безбедност, управувањето со отпадот и водните ресурси.

„Израелските градови покажуваат дека локалната власт мора да биде подготвена пред да се случи кризата, а не да импровизира кога веќе е предоцна“, порача Ѓорѓиевски.

Како главен град, Скопје, според него, мора да изгради систем кој ќе може брзо и ефикасно да реагира при пожари, природни непогоди, загадување, сообраќајни колапси и сајбер-закани.

Говорејќи за иднината на европските градови, Ѓорѓиевски оцени дека најголемите предизвици ќе бидат мобилноста, загадувањето, инфраструктурата, безбедноста и квалитетот на животот. Неговата цел, како што рече, е Скопје да стане почист, позелен и подобро организиран град.

„Не верувам во големи зборови без реализација. Верувам во ред, работа и конкретни резултати“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој не ја исклучи можноста за збратимување на Скопје со некој израелски град, но нагласи дека таквата соработка треба да има практична цел — размена на искуства, заеднички проекти и примена на успешни решенија во областите на иновациите, безбедноста, управувањето со водите и паметните технологии.

Осврнувајќи се на својата работа како градоначалник, Ѓорѓиевски рече дека најголем предизвик по преземањето на функцијата било враќањето на редот и довербата во институциите. Според него, Скопје е комплексен систем со различни потреби и очекувања, но има голем потенцијал, природни убавини, богато културно наследство и гостопримливи луѓе.

Во наредниот период, како што најави, приоритет ќе бидат почистите улици, подобриот јавен превоз, повеќе зеленило, поквалитетна инфраструктура и институции кои ќе бидат поблиску до граѓаните.

Во интервјуто Ѓорѓиевски се осврна и на односите меѓу Македонија и Израел, оценувајќи дека постои значителен простор за продлабочување на соработката меѓу градовите, особено во областа на дигиталните услуги, паметното управување со сообраќајот, енергетската ефикасност и иновациите.

Тој остро ја осуди секоја форма на антисемитизам, осврнувајќи се и на неодамнешниот обид за подметнување пожар во Еврејскиот културен центар и синагогата во Скопје. Ѓорѓиевски порача дека таквите напади се удар врз вредностите на градот и дека Скопје мора да остане место во кое сите граѓани ќе се чувствуваат безбедно, почитувано и еднакво.

На крајот, градоначалникот истакна дека неговата цел е по завршувањето на мандатот граѓаните да можат да кажат дека Скопје повторно станало град со ред, достоинство и јасна насока.

„Не сакам да бидам запаметен по големи зборови, туку по работа што луѓето ќе ја почувствуваат — почист град, подобар јавен превоз, уредени паркови, поголема безбедност и институции поблиску до граѓаните“, порача Ѓорѓиевски.

Извор: Скопје1.мк

Најново од: На прво место

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, порача Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава: „Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле […]

To top