На прво место Коментари

Илинденците и асномците се бореа со оружје – денес борбата е за економски силна Македонија

Македонска Нација

Македонска Нација

Илинденците и асномците се бореа со оружје во рацете, свесни дека слободата можат да ја платат со сопствените животи. Благодарение на нивната храброст и саможртва, денес, иако само на еден дел од Македонија, имаме сопствена држава, свој македонски јазик и можност слободно да го славиме македонското име.

Нивниот аманет не е само да се поклонуваме пред минатото, туку храбро да ја градиме иднината. Денешната борба не се води во планините и рововите, туку со знаење, чесност, работа и одговорност. Тоа е борба за економски силна Македонија, за достоинствен живот и за иднина на младите во сопствената татковина.

Илинден нè учи дека Македонија е поголема од секоја партија, функција и лична суета. Политичките разлики се природни, но навредите, омразата и поделбите не создаваат иднина. Македонија се сака со дела – со почитување на туѓиот труд, со создавање нови можности и со заштита на националните интереси.

Токму таква одговорност денес носи претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски. Соочен со наследени проблеми, напади и омаловажувања, тој ја избра потешката страна на политиката – да работи, да истрае и да одговара за сработеното.

Толеранцијата не е слабост. Потребна е голема внатрешна сила на навредите да се одговори со работа, а на нападите со резултати. Борбата за посилна економија, повисок животен стандард и зачувано национално достоинство е современата илинденска борба.

Ако Гоце Делчев го разбирал светот како поле за културен натпревар меѓу народите, денес Македонија треба да ја разбереме како поле за натпревар во работа, знаење и економски напредок. Партиите нека се натпреваруваат која ќе создаде повеќе за народот, а не која ќе посее повеќе омраза.

Пред Илинден треба да се запрашаме: дали сме достојни за жртвата на нашите предци? Дали нивниот аманет го продолжуваме со единство и работа или го трошиме во кавги и поделби?

Илинденците и асномците ја водеа својата борба со оружје. Нашето оружје денес се знаењето, трудот, чесноста и љубовта кон татковината.

Токму таква борба предводи премиерот Христијан Мицкоски – борба за економски силна Македонија, со крената глава, исправена кичма и сигурна иднина за поколенијата што доаѓаат.

Нека е среќен Илинден!

Вечно нека се памети саможртвата на илинденците и асномците, благодарение на кои денес живееме и го славиме празникот во слободниот дел на Македонија.

Да ни е вечна Македонија!

Најново од: На прво место Коментари

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

To top