Тема: економски развој

Обновата на Македонија е заедничка задача

Премиерот Христијан Мицкоски упати повик за поголема општествена и граѓанска одговорност, истакнувајќи дека напредокот на државата не зависи само од Владата и институциите, туку и од однесувањето и придонесот на секој поединец. Македонија за релативно краток период успеа да се придвижи напред и од клекната, распадната и ограбена држава да стане подобро место за живеење, […]

Има ли нешто добро за Македонија што СДС може да го поддржи?

Секогаш кога ќе се најави поголема инвестиција или развоен проект, СДС реагира со сомнежи, обвинувања и апокалиптични сценарија. Наместо аргументирана дебата за условите под кои треба да се градат дата-центрите, опозицијата повторно избира да шири страв меѓу граѓаните. Оттука се поставува прашањето: има ли нешто што е во интерес на Македонија, а за кое СДС […]

Мицкоски: Опозицијата не ја сака државата

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата дека договорите за изградба на дата-центри се прават „под маса“. Тој порача дека секоја странска или стратешка инвестиција ќе биде јавно и транспарентно објавена, а откри дека Владата преговара со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори. „Според тоа што го коментира опозицијата, претпоставувам дека кај нив работи Фројд. Тие […]

Филипче се врати од јахтата на Заев и настапува како да се вратил од друга планета

Венко Филипче, по одморот на јахтата на Зоран Заев, очигледно собра нови сили и веднаш продолжи со изјави, прес-конференции и партиски соопштенија. Настапува како да се вратил од друга планета, а не од одмор со човекот со кого седум години ја водеа Македонија кон национални понижувања, економска несигурност и институционално пропаѓање. Филипче денес зборува како […]

Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија

Во историјата на секоја држава и на секој народ, секоја генерација има свои предизвици и борби. Така е и со Македонците и со македонската држава. Претходните генерации се бореа за слободна и самостојна држава. Борбата започна со славното Илинденско востание во 1903 година и Крушевската Република, а продолжи со Вториот Илинден и Првото заседание на […]

Илинденците и асномците се бореа со оружје – денес борбата е за економски силна Македонија

Илинденците и асномците се бореа со оружје во рацете, свесни дека слободата можат да ја платат со сопствените животи. Благодарение на нивната храброст и саможртва, денес, иако само на еден дел од Македонија, имаме сопствена држава, свој македонски јазик и можност слободно да го славиме македонското име. Нивниот аманет не е само да се поклонуваме […]

Владата нема намера да биде запаметена по изговори, туку по проекти

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, порача дека оваа Влада нема намера да биде запаметена по изговори, туку по работа, проекти и резултати што ќе останат зад неа. Во месец април е забележан исклучително висок степен на реализација на проекти и силен раст во градежништвото. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека состојбата […]

Вардарската долина – проект што може да ја промени иднината на Македонија

Низ историјата постојат географски простори чија важност далеку ги надминува нивните природни граници. Таков простор за Македонија е Вардарската долина – природен коридор што со векови ги поврзува Централна Европа, Балканот и Егејот. Уште во XIX век, германскиот државник Ото фон Бизмарк ја нагласувал геостратешката важност на овој простор. Нему често му се припишува изреката: […]

Митева: Македонија е предводник во реформите

Водиме дипломатија со интегритет, посветени сме на растот, развојот и исполнувањето на реформите Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, Марија Митева, во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија порача дека Македонија води дипломатија заснована на интегритет, дијалог и почитување на добрососедските односи, наместо на меѓусебни обвинувања и коментари […]

СДС повторно се фати во лага: Нема мигранти, но ќе има брза пруга

СДС со месеци ја заплашуваше јавноста со приказни за наводни мигрантски кампови и масовен прилив на мигранти во Македонија. Денес фактите целосно ги демантираат нивните тврдења. Април помина, мај помина, а веќе е средина на јуни и од најавуваниот „бран мигранти“ нема ниту трага. Наместо сценарија за мигрантска криза, Македонија добива нови инвестиции, развојни проекти […]

Шест автопати во исто време

Со динамика на изградба каква што државата одамна не памети, Владата отвора шест автопатски фронтови истовремено – темпо што СДС и Филипче можат само да го сонуваат. Македонија влегува во најголемиот инвестициски од независноста циклус во патната инфраструктура, со паралелна изградба на шест автопатски делници што треба да ја променат транспортната карта на државата. Македонија […]

Мицкоски без пауза: Од европските лидери во Тиват директно на состанок за капиталните инвестиции во Македонија

Само неколку часа по завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, каде што оствари средби со највлијателните европски лидери, премиерот Христијан Мицкоски ја продолжи работната агенда во Македонија со нови состаноци посветени на економскиот развој и капиталните инвестиции. Попладнево тој се сретна со претставници на стопанските комори и со раководствата на домашни градежни […]

To top