На прво место

Мицкоски: Опозицијата не ја сака државата

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата дека договорите за изградба на дата-центри се прават „под маса“. Тој порача дека секоја странска или стратешка инвестиција ќе биде јавно и транспарентно објавена, а откри дека Владата преговара со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори.

„Според тоа што го коментира опозицијата, претпоставувам дека кај нив работи Фројд. Тие мислат дека, како што се однесуваа кон државата и граѓаните – лажејќи, ограбувајќи и понижувајќи ги – така се однесуваат сите“, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за дата-центрите и обвинувањата на опозицијата дека договорите се прават „под маса“.

Мицкоски нагласи дека Владата нема намера ништо да прави тајно и дека тоа го покажала во изминатите 25–26 месеци.

„Добро знаете дека секоја странска инвестиција, како и секоја инвестиција што е прогласена за стратешка, ја објавуваме јавно и транспарентно. Тука не треба да има никаква дилема“, рече премиерот.

Според него, тврдењата што се пласираат во јавноста во последните неколку дена се невистинити и покажуваат непознавање на темата.

„Тоа што го слушам претставува целосна невистина, незнаење и непознавање. Понекогаш се срамам што луѓето што ги испраќаат овие пораки имаат политичка тежина и водат политички партии. Нема да навлегувам во суштината, бидејќи сметам дека не заслужуваат одговор на техничко ниво“, изјави Мицкоски.

Тој го нагласи значењето на вештачката интелигенција и дата-центрите за современиот економски развој.

„Замислете како денес би изгледал БДП на САД без вештачката интелигенција, податочните центри и дата-центрите. Зарем ‘Амазон’, ‘Спејс икс’, ‘ОпенАИ’ и другите мултинационални компании, чии брендови вредат илјадници милијарди, би постоеле доколку на каков било начин го доведуваат во прашање квалитетот на животот на граѓаните?“, праша премиерот.

Мицкоски посочи дека Владата останува посветена на стратегијата што предвидува изградба на гасни централи за производство на електрична енергија, која потоа би се користела за потребите на дата-центрите.

Во однос на проектот во Пехчево, премиерот појасни дека станува збор за приватна иницијатива и предлог-нацрт на урбанистички план, во кој државата во оваа фаза не учествува.

„Тука државата нема ништо. Кога државата ќе реализира проект или ќе преземе институционален ризик за изградба на таков објект, јавно и транспарентно ќе излеземе пред јавноста. Преговараме со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори, меѓу кои има и голема мултинационална компанија, и нема да отстапиме ниту милиметар“, порача Мицкоски.

Премиерот на крајот оцени дека опозициските политичари, критикувајќи сè што е добро за граѓаните и за економскиот развој, покажуваат дека не ја сакаат сопствената држава.

Најново од: На прво место

Македонска гордост: 12-годишниот Македон Димитровски меѓу исклучителните таленти на „Џонс Хопкинс“

Македонска гордост: 12-годишниот Македон Димитровски меѓу исклучителните таленти на „Џонс Хопкинс“ Само на 12 години, Македон Димитровски постигна успех што заслужува големо внимание – примен е во престижната Програма за талентирани млади (Center for Talented Youth – CTY) при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Соединетите Американски Држави. Неговите извонредни резултати уште еднаш покажуваат дека Македонија има […]

ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка.

ВМРО-СДРМА и идејата Македонија да стане ѕвезда на американското знаме Во годините непосредно по Втората светска војна, група млади Македонци одбила да се помири со поделбата на Македонија и со неостварениот идеал за самостојна и обединета македонска држава. Во Прилеп се појавила ВМРО-СДРМА – организација која излезот го гледала во создавање Самостојна Демократска Република Македонија […]

Мицкоски за посетата на САД: Планирани средби на ултра високо ниво со државници и финансиски институции

Премиерот Христијан Мицкоски најави средби на ултра високо ниво во американскиот Сенат, Конгресот и Стејт департментот, како и разговори со претставници на финансиската институција DFC, државници и влијателни тинк-тенк организации, во рамките на претстојната посета на Соединетите Американски Држави. Мицкоски утре со владина делегација заминува за САД, каде најпрво ќе престојува во Вашингтон, а потоа […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија се сопатници низ времето

ВМРО-ДПМНЕ уште во периодот кога Македонија беше дел од југословенската федерација беше единствената политичка партија која отворено зборуваше за независна, демократска и суверена македонска држава, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – повеќе демократија“, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати претседателот на партијата и […]

Кој ќе одговара за 14-те жртви во Тетово – СДС да престане со двојните стандарди за Кочани

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани – кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница? СДС треба да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички пресметки и собирање политички поени. Кога се зборува за човечки животи, мора да важат исти аршини за сите, а јавноста има право да праша: […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

Правдата не смее да има партиска адреса – Македонија мора да ја врати довербата во судството

Шеснаесет загинати кај Ласкарци. Четиринаесет изгубени животи во пожарот во модуларната болница во Тетово. Зад овие бројки стојат човечки судбини, семејства и прашањето кое со години ја прогонува македонската јавност: ќе има ли конечно правда и одговорност? Македонското правосудство со години се соочува со сериозна криза на доверба. Во јавноста постојано се поставува прашањето дали […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Најнови вести

To top