Коментари

СДС и Филипче се разбудија како мечка по седумгодишен сон!

Мане Јаковлески

Речиси две години СДС е во опозиција, а раководството предводено од Венко Филипче се однесува како штотуку да се разбудило од длабок зимски сон. Секојдневно дели критики, „мудри“ совети и лекции за тоа како требало да се води државата, да се градат патиштата и да се подобрува животот на граѓаните.

Но едно прашање останува без одговор: каде беа сите овие „мудри“ идеи и реализации за време на седумте години кога СДС управуваше со Македонија?

Дали беа занесени од поддршката на надворешните центри на моќ, барањата на соседите, монтираните „бомби“ и криминалното СЈО, па поверуваа дека можат бескрајно да живеат од предизборни ветувања? Народски кажано – ветување на лудиот радување.

СДС ветуваше се и сешто, дека Македонија ќе стане големо градилиште, со стотици километри нови патишта, железници, болници, училишта и друга капитална инфраструктура. Во 2019 година тогашната власт тврдеше дека реализира „историски најголем инвестициски циклус“, но резултатите по седум години покажаа сосема поинаква слика.

Автопатот Кичево–Охрид, започнат од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, стана симбол на застојот. Наместо да биде завршен, проектот беше оптоварен со проблеми и постојано продолжувани рокови.

Денес работите повторно се интензивирани, а завршувањето е најавено најдоцна до првиот квартал од 2027 година, но од владата птедводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично беше и со автопатот Скопје–Блаце. Неговиот почеток беше најавен уште во јануари 2019 година, но проектот не беше доведен до целосна реализација. Дури во јули 2026 година беа обезбедени финансиските услови за главната делница, преку заем и грант за проект вреден речиси 200 милиони евра.

Многу се зборуваше и за нов клинички центар, подобро здравство и достоинствени услови за пациентите. Наместо тоа, граѓаните добија прес-конференции, презентации и постојано менување на плановите, додека здравствениот систем трупаше долгови и проблеми.

Ветувањето за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти беше прикажувано како исполнето со пресметување на дежурствата и додатоците. Основната плата, сепак, не беше еднаква за сите специјалисти. Самата партија признаваше дека просечната плата во општите болници изнесувала од 85.000 до 88.000 денари, а само со дежурства можела да достигне 100.000 денари.

СДС ветуваше повисоки плати и пензии, задржување на младите, реформирано здравство, чист воздух, неселективна правда и европска иднина. Голем дел од тоа остана само во изборните програми. Иселувањето продолжи, институциите беа потресувани од скандали, а пациентите и здравствените работници останаа незадоволни.

Национални отстапки без сигурна иднина

Најтешкото наследство од владеењето на СДС не се само незавршените градилишта, туку и одлуките што длабоко го погодија македонското национално достоинство.

Во 2017 година беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Наместо да го затвори спорот, по него следуваа нови барања, условувања и притисоци поврзани со македонската историја, јазик и идентитет.

Една година подоцна беше потпишана Преспанската спогодба, која стапи во сила на 12 февруари 2019 година и доведе до промена на уставното име на Република Македонија.

Заради историска точност, државното знаме беше сменето уште во 1995 година, исто така за време на власт предводена од СДС. Законот за новото знаме беше изгласан на 5 октомври 1995 година.

Затоа СДС денес тешко може уверливо да се претставува како заштитник на македонските национални и економски интереси. Токму во периодите кога оваа партија ја имаше власта беа направени едни од најтешките предавства во поновата македонска историја.

Владата на Мицкоски – од ветувања кон реализација

Владата предводена од Христијан Мицкоски за релативно краток период отвори или забрза повеќе крупни инфраструктурни и економски проекти.

Во патната инфраструктура се работи на шест автопатски делници. Почна изградбата на новиот автопат Тетово–Гостивар, во должина од 18 километри, а интензивирани се работите на делниците Прилеп–Битола и Кичево–Охрид. Наскоро треба да почне изградбата на автопатот Скопје–Блаце, додека делови од експресните патишта Градско–Прилеп и Ранковце–Крива Паланка веќе се пуштени во употреба.

Исполнето беше и ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за 7.000 денари, спроведено во две фази за повеќе од 330.000 пензионери.

Преку двата јавни повици за општините беа опфатени повеќе од 1.100 локални проекти. Првиот повик опфати 288 проекти вредни речиси 75 милиони евра, а вториот 828 проекти во вредност поголема од 225 милиони евра. Станува збор за улици, водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски објекти и друга инфраструктура што непосредно им е потребна на граѓаните.

За домашните компании беа ставени на располагање 250 милиони евра за инвестиции и развој, од кои до јануари 2026 година преку Развојната банка биле пренесени околу 225 милиони евра.

Во 2024 година странските директни инвестиции достигнаа 1,255 милијарди евра, додека БДП во 2025 година порасна за 3,5 проценти. Во првото тримесечје од 2026 година беше забележан раст од 3,1 процент.

За првпат по седум години, учебната 2024/2025 година започна со повеќе од еден милион учебници поставени на училишните клупи уште на првиот училиштен ден.

Тоа е разликата што СДС и Филипче се обидуваат да ја прикријат со секојдневни прес-конференции и напади.

Лесно е да се критикува од опозиција

Денес СДС ги критикува проектите што самиот ги ветуваше, но не ги реализираше. Ги напаѓа и проектите што актуелната влада ги забрзува или ги довршува по повеќегодишен застој.

СДС и Филипче дури сега се разбудија од седумгодишниот сон, но народот одамна е буден.
Граѓаните ја препознаваат разликата меѓу прес-конференција и градилиште, меѓу празно ветување и реализиран проект, меѓу политичка пропаганда и конкретен резултат.

Затоа СДС денес е во тешка опозиција. Не затоа што граѓаните не ги разбрале неговите политики, туку затоа што премногу добро ги разбрале и ги почувствувале нивните последици.

Наместо да испраќа секојдневни соопштенија што одат во прилог на интересите на соседите, СДС треба да ја насочи енергијата кон сопственото реорганизирање. Партијата треба да се ослободи од раководството на Филипче и од влијанието на Заев од заднина, да се преиспита, да ги признае грешките и штетите од своето владеење и да почне да дејствува како одговорен коректор на актуелната власт.

Само така може да се надева дека еден ден повторно ќе ја заслужи довербата на граѓаните.

Патот е долг, но ако не тргнеш по вистинскиот пат, никогаш нема да стигнеш до целта.

Најново од: Коментари

Македонецот единствено може да биде добар и искрен сосед, но никогаш Србин, Грк или Бугарин

Од Македонец не може да се направи Србин, Грк или Бугарин Благодарение на интернетот и на сè подостапните странски архиви, секојдневно се појавуваат документи, дипломатски извештаи, стари весници, книги и истражувања што ги откриваат размерите на туѓите пропаганди во Македонија. Со децении, а особено од втората половина на XIX век, Србија, Бугарија и Грција настојувале […]

Зошто 8 Септември е пиреј и светол ден

Македонија имала и секогаш ќе има свои големи, па и преголеми денови и значајни празници. Ако Господ ги покаже сите тие златни денови, ќе треба да се додадат уште илјадници страници во календарот за некако да се сместат. И тогаш тешко ќе може да се одреди кој ден е поголем и позначаен од другиот. Но […]

Возот тргна, инвестициите доаѓаат, а СДС остана на перонот без билет за политичката иднина

По седум години на власт и две години во тешка опозиција, СДС конечно „откри“ дека во Македонија биле набавени возови. Големо откритие, нема што! Уште малку, па ќе нè известат дека возовите купени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ се движат по шини, дека имаат вагони и дека служат за превоз на патници. Како најголем проблем го […]

Ламбе Арнаудов: 1991 – најплодната година во осамостојувањето на Македонија

Честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! Во вековната борба на народите за сопствена држава постои еден историски феномен што може да се нарече „надоместување на времето“. Сè што било пропуштено низ годините, од која било причина, во еден пресуден историски миг може да се претвори во нова можност. Таквата можност […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Македонците се како пиреј – кога мислиш дека е крај, Македонија повторно се раѓа

Македонија ваквата судбина ја носи уште од времето на Александар Македонски до денес. Низ вековите се менувале царства, владетели, граници и политички системи, но секогаш кога некој ќе помислел дека Македонија е поразена или оставена без иднина, од земјата повторно никнувал пирејот. Такви се Македонците – можеш да ги делиш, да ги прогонуваш и да […]

Македонија папокот на светот

Македонија не е само географска точка на картата, туку простор на кој со милениуми се вкрстувале цивилизации, култури, верувања и историски патишта. Нејзината земја крие безброј археолошки сведоштва, а нејзиниот народ носи колективна меморија што не успеале да ја уништат ниту војните, ниту поделбите, ниту забраните. Токму затоа документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на […]

Македонскиот идентитет не бара туѓо одобрение, туку наша одлучна одбрана

Идентитетот е основната приказна што ја носиме во себе – одговорот на прашањето кои сме, од каде доаѓаме и на која заедница ѝ припаѓаме. Тој ни дава чувство на достоинство, сигурност и припадност, но и рамка според која го разбираме светот и донесуваме одлуки. Затоа, кога некој ги оспорува нашите најдлабоки уверувања за сопственото потекло […]

To top