Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого.

Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА.

Премиерот Христијан Мицкоски беше лидер кој со своето мудро државничко искуство но и со силно препознатливите начела, критериуми и правила, што лично ги застапува пред сите авторитети во светот, беше персонификација на желбите на напатениот и со векови онеправден МАКЕДОНСКИ НАРОД.

Второ: Со својата антологиска порака до граѓаните на МАКЕДОНИЈА нашата татковина, ја прескокна независноста, ја ослободи својата заробена надеж и обезбеди сигурна блескава иднина, а вие драги читатели сами проценете колку пораката е длабоко сугестивна, благородна и од срце вистински подарена на својот народ, а од него лично:

“Не се задоволувајте со мали нешта. Сонувајте големи соништа. Сонувајте го дваесет и вториот век (22).

Дваесет и првиот (21) веќе го живееме.“

Една чиста, од срце визионерска замисла, многу лесно остварлива за народ со такви интелектуални капацитети како што ги поседува МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Сигурна, дофатлива благосостојба која што со повеќе верба во себе и храброст што никогаш не ни недостасувала, обезбедена за без малку следните два века, рамо до рамо, во чекор со најразвиените земји во светот.

Трето: Христијан Мицкоски однесе во САД едно извонредно чувство, истовремено и решително и со потребна доза на разборитост.

Рече дека: не доаѓам овде, јас и мојот народ, да креираме нов светски поредок. Реално тоа е неизводливо и немам никакви илузии по ова прашање.

Но, ни за милиметар не отстапувам, јас, Владата што ја предводам и граѓаните кои ги претставувам, да не бидеме ДЕЛ ОД НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК.

На оваа определба сум исклучително посветен, без нималку двоумење.

Тука морам да го потсетам граѓанството дека Премиерот овој нов светски поредок го препозна уште речиси пред една деценија, за сега да се потврди во целост, неговото непогрешливо визионерство во поглед на тоа како ќе изгледа светот во иднина и каде е тука МАКЕДОНИЈА.

А, МАКЕДОНИЈА благодарејќи на Христијан Мицкоски тука е каде што треба и каде што несомнено припаѓа.

Четврто: Извонредното познавање, базирано на сеопфатна анализа, следење на основните правци на економско финансиските параметри што во иднина ќе доминираат во светската економија и меѓународната размена на стоки, пари и интелигенција, Христијан Мицкоски, прво ја кандидира МАКЕДОНИЈА за учесник и потоа ја промовира, за на крај да биде полноправна членка и фактор во најголемиот економско финансиски турнир на натпревари со без малку сите држави од светот.

Работа, производство, раст на економијата, аналогно на тоа и раст на стандардот на граѓаните, општа вклученост во меѓународната поделба на трудот, за првпат како рамноправен чинител, препознаен во очите на сите силни економии.

Петто: Христијан Мицкоски во САД однесе и едно ново досега, до скоро непрактикувано од ниеден лидер, смиреност, култура на однесување, не барање виновници таму каде ги нема, точно лоцирајќи ги и елиминирајќи со своето искуство. Со тоа се претстави како институционална НОВОСТ во меѓународните односи, а при тоа нема да ги запостави сите до еден национални интереси, жестоко и без отстапка да се бори до крај како што личи на еден ЛИДЕР, на НАРОДЕН ТРИБУН.

Шесто: Премиерот Христијан Мицкоски однесе во САД една нова спремност облагородена и поразлична од сите до сега. Ги покани сите релевантни меѓународни асоцијации и алијанси, чувари на правдата, праведноста и законитоста, да учествуваат во разрешување на неразбирливите и зачудувачки кочници на нашето интегрирање.

Ги постави правилата на игра, што самите тие до сега ги промовираа и применуваа без резерва апсолутно во секој спор, освен кога се работело за МАКЕДОНИЈА. Ве прашувам, што е тоа што ве самозадоволува да онанирате на единствениот онеправдан и обесправен народ во цела Европа.

Да ве потсетам на пропорциите: Петстотини милиони (500) од една страна наспрема два милиони (2) МАКЕДОНЦИ.

Коефициентот на онеправданост е 250:1. Не е во ред, најблаго речено. Срамен коефициент на дискриминација на еден историски народ од комплетната “европска правда“.

Но, ако се цени вредноста на еден народ според вредноста на неговите “непријатели“ од срце ви благодарам што ме правите горд да припаѓам на толку ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

Уште понеправедно е сознанието дека секогаш вие средувавте , уште пред 100-150 години и секогаш низ историјата решававте без нас.

Ајде сега да седнеме сите заедно и овој проблем да го решиме еднаш за секогаш.

Решение со МАКЕДОНИЈА на преговарачката МАСА.

Во спротивно останува еден голем срам за сите, а тешка неправда за МАКЕДОНИЈА.

Овој проблем не е само наш, решете го за и вие да бидете покомотни и помирни.

Седмо: Секако најважно.

Христијан Мицкоски во САД однесе и силно зрела политичка, духовна и патриотска формација без ниедна пукнатина на тврдината што ја брани.

Дословно јасно и гласно кажа: Ние сме дел од НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК. Од таа наша определба не отстапуваме ни за милиметар.

Но, НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА, за неа сé ќе дадеме, ама МАКЕДОНИЈА не ја даваме.

Тоа што сте разговарале, договарале и потпишувале за нас и неповратно и од на срамно предавство на едни биороботи е МИНАТО што никогаш нема да се врати.

Ете, тој е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ. Не се обидувајте да го премислите да го заобиколите или не дај Боже да помислите да го заплашете.

ЧИСТА ДУХОВНА И ИНСТИТУЦИОНАЛНА ГРАДБА од најцврст материјал, вродена, доградена и надградена беспрекорно чиста МАКЕДОНСКА ДНК, но и со потребната космополитска припадност кон сите народи што ги сака како и својот МАКЕДОНСКИ.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top