На прво место Дијаспора

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство.

Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем.

За да продолжиме со работата, создадовме нов портал со истото име, кој веќе неколку месеци е во функција и е достапен на https://mn.mk/.

Со помош на луѓе што ја познаваат оваа област, успеавме да вратиме и да пренесеме на новиот портал 16.952 текста, објавувани од 2009 до 2026 година. Со тоа го зачувавме најголемиот дел од содржините на старата „Македонска нација“.

Им благодарам на сите што помогнаа во обновувањето и зачувувањето на нашата богата архива.

Како да ја пребарувате архивата

Отворете го порталот „Македонска нација“. Текстовите можете да ги најдете на два начина:

  • Преку лупата за пребарување, на левата страна на страницата: внесете го насловот или клучен збор од текстот што го барате.
  • Преку „Времеплов“, најгоре на десната страна на страницата: пребарувајте ги старите текстови по години на објавување.

Нашата архива останува достапна за читателите — како сведоштво за македонската историја и култура, како и за животот на Македонците во татковината и во светот.

Повик за соработка

Ги повикуваме сите што сакаат да соработуваат со „Македонска нација“ да ни испраќаат документи, историски текстови, сведоштва и други материјали важни за зачувувањето и расветлувањето на вистината за Македонија на нашата е-пошта: Makedonskanacija@gmail.com.

Повик до Македонците во дијаспората

Ги повикуваме нашите браќа и сестри во дијаспората да ни испраќаат документи, архивски записи, фотографии и други материјали што ги откриваат во државите каде што живеат, а се поврзани со македонското минато.

Воедно, ве повикуваме да ни испраќате текстови и фотографии од вашите активности во македонските клубови, здруженија и црковни општини, како и од културни настани, прослави и други собири преку кои ги чувате македонскиот јазик, традицијата и идентитетот со кратки текстови.

Материјалите испраќајте ги на: Makedonskanacija@gmail.com.

Нека „Македонска нација“ биде наш заеднички простор за зачувување на историското наследство и за споделување на животот и дејноста на Македонците во светот.

Заедно да ја збогатуваме архивата и да го зачуваме македонското историско и културно наследство за идните поколенија.

Продолжуваме со посилно темпо!

Најново од: На прво место Дијаспора

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

To top