Коментари

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Свекрва

Свекрва

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ.

Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите на СДС и ДУИ, тој има обврска да одговори на едно едноставно прашање: зошто не ја контролирал власта што ја предводел?

Заев беше премиер во два мандата. Тој го поставуваше политичкиот правец, го составуваше владиниот тим и со години ја бранеше работата на коалицијата. Затоа не може едноставно да каже дека сè што се случувало во институциите било туѓа работа.

Во неговиот мандат беше сменето името на државата и беше потпишан договорот со Бугарија, чии последици Македонија сè уште ги чувствува. За мене, тоа се политички одлуки за кои тој должи одговор пред граѓаните. Но одговори се потребни и за начинот на кој работеле институциите под неговата власт.

Како се случувало злоупотребите на службената положба и сомнежите за корупција да не бидат откриени и спречени навреме? Дали Заев бил преокупиран со сопствените интереси или контролата над одделни институции била препуштена на коалицискиот партнер? Ако немало таква поделба, тогаш поранешните носители на власта треба да објаснат зошто контролниот систем не функционирал.

Дали секој коалициски партнер управувал со „своите“ институции без вистинска проверка од другиот? Дали министрите и директорите чувствувале дека прво одговараат пред партиските врвови, а дури потоа пред граѓаните?

Денес се отвораат прашања за злоупотреби во институциите, а во јавноста се изнесуваат и тврдења за „златни визи“ во Дубаи и за јахта. Тие тврдења бараат разјаснување. Заев има право да ги оспори, но јавноста има право да побара јасни одговори.

Заев не морал лично да го потпише секој спорен договор за да носи политичка одговорност за начинот на кој работела неговата влада. Премиерот ги поставува стандардите: кого избира, кому му верува, што проверува и што прави кога ќе се појават сомнежи. Истото важи и за Димитар Ковачевски како поранешен премиер, како и за Венко Филипче во однос на ресорот што го водеше.

Затоа јавноста заслужува одговори: кој ги предложил функционерите чие работење денес е спорно, кој ја надгледувал нивната работа, дали имало пријави или ревизорски наоди и што било преземено по нив?

За секое кривично дело нека одлучат обвинителството и судот. Но политичката одговорност не смее да исчезне зад реченицата: „Не знаев“.

Господине Заев, ако не сте знаеле што се случува во институциите под вашата власт, зошто не сте знаеле?

А ако сте добиле предупредувања, што направивте за да се испитаат?

Граѓаните ги чекаат тие одговори од човекот кој ветуваше правда. Дали бевте толку зафатени со личните финансиски интереси што немавте време да видите што се случува пред вашите очи? Или не сакавте да слушнете, зашто тогаш ќе моравте да постапите?

Јавноста има право да го постави и најнепријатното прашање: дали молчевте затоа што и самите имавте интерес таквиот начин на владеење да продолжи?

Тоа прашање бара одговор, а не уште едно „не знаев“.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top